ги (зам.) - допре (гл.)

Петар се облече низ авлијата потрча до шталата, ги извади неколкуте коњи, па тие потрчаа веднаш, сакајки да ги допрат сочните треви на пасиштата што побргу...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Како претстава која се одигрува на некоја сцена, караѓоз, сенки, не можеш да дофатиш ни кој каде оди, ни од каде доаѓа, се движат, а ги нема, не можеш да ги запреш, да ги допреш и да проговориш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Реков веќе, отсуството на вообразба ме натера да лунзам наоколу, да се обидам со рака да ги допрам фактите, да ја опечам кожата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Постелата му мириса на излачениот страв.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И пак: Додека луѓето во страв и ужас се криеја, по келарите од куќите и најдлабоките засолништа, од милијардите ледни погледи на сивокрилните Сили што го затемнија небото, оние малкумина меѓу нив што не најдоа засолништа и се затекоа тука, гледаа во чудото што се случуваше пред нивните широко отворени очи, зашто силна светлина бликна од Светијата над светиите и пред неа се отвори тешкиот превез од прашина што надоаѓаше од пустината, а потоа се раствори и сенката на крилестите Сили што светлината ги претвораше во пламен и пепел штом ќе ги допреше, додека нивните трипати свиени шофари паѓаа во снопот, се палеа од неговата огнена сила и се спепелуваа како и крилјата на сивокрилите летачи што ќе ѝ се најдеа на патот на чистата светлина, додека спржените ангели со ледни очи крескаа во ужас и паѓаа одгоре и допламнуваа, превртувајќи се низ воздухот како огромни пеколни факли, а светлината што бликаше од скутовите на Храмот отвораше пат, угоре, кон чистото небо, та тогаш оние од Израилот што го видоа тоа чудо на светлиот пат што ја спои утробата на Храмот со разгрнатата порта на Небото, посведочија уште едно чудо во кое, полека лебдејќи, по патот на светлината почна да се искачува арката на Заветот со Законот во неа и фати да се оддалечува и се упати кон портите Небесни и кога овие ја примија се затвори капијата на Сводот, превез од темни облаци го препокри затвореното небо, а зракот од срцето на Храмот полека почна да слабее сѐ додека наполно не згасна, та во Светињата над светитите ја немаше веќе самата Светиња во која престојуваше Зборот Божји, а за земјата немаше веќе Законот Негов, само студениот ветер на темните Сили...  Доктор Корец ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не можам да замислам начин за создавање „нормален” производ од суровините на личното јас, освен на некој ваков начин: еднаш кога ќе ги допреме матриците на нашите дистинкции, ги имаме правилата за нивно комбинирање и разделување во множества и потцелини.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дејко веднаш ги допре фаровите - светнати и мазни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Навистина, убавина-а-а!“ викна Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Небројница автомобили гледаме, ама поинаку си е кога е твој. Твојот ти е најубав, нели?“ рече Влатко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јаваниците ги допреа коњите и сакаат што побргу да ја поминат Скала и Слива, та навреме да стигнат при анамчињата во Прилеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Страм — не страм ќе му реча: на него на Толета Кулиќево“ си је во себе кога се бришеше и таа со она ново шамивче и гледаше да ги допре напрчени устенца баш на она место тој ги допре малку пред неа неговите. Не малку се сневесели, дури и натажи, кога го виде Толета да повраќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неколку луѓе ми рекоа дека тој расказ од каталогот ги допрел повеќе од твоите слики.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Останале скриени, како во скривници. Ни куршум, ни оган да ги допре.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
По цели ноќи минуваше со стариот добар приемник за да ги допре цариградските вести, да открие дали навистина, на Балканот, ќе може да се надева на подобри времиња и дали привремениот сојуз помеѓу трите балкански држави, ќе биде посилен од вековните анимозитети и спротивставености?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Или навистина стануваше збор за обично влакно на полноќен гуштер? (Една од оние влечуги со коса низ која поминува патец од челото па сè до окото на опашот) А со перчиња збрани во плетенки што се влечкаат под шарената утроба на гуштерот Најпривлечни се сепак скапоценостите што сонот ги чува и оние што сонот ќе побрза да ги скрие кога ќе ги допре нашето будно око.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Потем, полека се наведна и нежно ѝ ги допре меките усни што в час му исшепотеа толку многу љубов од којашто како да настапи едно бесконечно радосно лебдење во простори каде што тревјето беа бујни, дрвјата расцутени и сè толку разно бојно, што луѓето изгледаа среќни поради толку гласната смеа на сите деца на светот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа благо си ги допре очите со една стуткана книжна салфетка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако ја испружев раката во сонот да ги допрам – се будев, и го губев и сонот. Сонот за Луција. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Приказот на Екол за неуспехот на Карл Бин да ги допре геј-мажите со „Ваков сум роден“ потсетува на едно поскорешно фијаско од сличен вид, што ја илустрира поентата дека негеј-облиците честопати се погеј отколку оние со геј-теми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Не си ми згрешила ништо со тоа. Нема зошто да бараш простување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми ги допре прстите. „Прости ми.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најмалиот Густав се приближи до нејзините нозе и ѝ ги допре стапалата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги ставив моите дланки до неговите дланки, на стапалата на Клара. Беа студени како на мртовец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој стана, јас се приближив до него. Си ги допревме главите кај слепоочниците. Крвта удираше во крвта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го слушав како уморно дише.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Станува збор за расказот „Шуга“ во кој вели: „Тоа е една многу стара игра во која детето што нема среќа, ги брка другите деца обидувајќи се да ги допре.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како да бил бессилен да ги ослободи жилите и месото од грч и со матни очи барал капка роса скриена од сонцето под лански лист, да ги допре усните и да го убие огнот на пониженоста и мислел - бил млад, остарел, се намалил, премал ќе се удави во таква капка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги забуцал прстите во мекиот хумус на шумските сенки со таква силина што дури почувствувал болка под ноктите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наплив на желби го прекршија Моето кревко срце Во зракот на утрото, поведиме Во зоната на сончевата патека Не ме плаши височината Патот на мислата е побрз од светлината Во скутот на бела постела Од допир што дразни Ќе ги допрам ѕвездите, месечината...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тик-так, тик-так-тик-так..срцето му избива од градите дур со муцката се обидува да ѝ ги допре хулахопките.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
А во средината, спуштена вертикално како заплиснат студен челичен болскот стоеше подмачканата плоча на пилата, целата исукана, како сабја од ножница, додека нејзините правилно распоредени запци, секој со по иглен врв на острицата, светкаа со по една ненаситна срчена светлинка, собирајќи ја во себе и усвитувајќи ја скржавата виделина на денот во своите илјадници одблесоци, за кои се чинеше дека ќе те испечат уште со самото тоа што ќе се обидеш да ги допреш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога јатото се изгуби зад редот на оревовите џиновски стебла, некаде кон сувиот поток, лисицата ги допре на земја цицките и сети болка од надојденото млеко; го подуши млакиот воздух и појде кон длабочината на шумата барајќи непроодни места за да го прикрие патот до своето легло.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мис, сте ги допреле ли моите мускули? Обидете се, ви се молам, тоа е вистински челик. Сакате ли да ја скршам масава, со рака?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Преостана да се соочи со неговиот поглед и да ги допре неговите раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да, тето. Но, овој ми се чинеше како да беше премногу реален, па така сликите можев и да ги допрам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се исплашија дека не само што не ќе имаат можност да ги допрат наследените пари, туку постоеше реална можност да го загубат и Томо, сигурниот извор на пари, златниот рудник од кој секогаш црпеа за благопријатното живеење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најнапред ти бев непријател... Се тетеравев, паѓав, станував и се движев накај тебе, да ти ги допрам ливчињата.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Потоа уште двапати ги кренаа чашите и го допија виното.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги допреа усните со златните венчиња и, замижувајќи, отпија од виното.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му пријде на момчето, без зборови, како да му се доближува на животно, и му ги допре брадавиците.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Само на ваков начин можев да ги допрам темните долапчиња на мојата потсвест.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Соговорниците стануваа прилично спокојни оти тоа не им се случило ним и некако необично уверени дека никогаш нема да ги допре.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Со знаењето за неталентите бев задоволна, а за талентите, сметав дека треба самите да знаат да ги допрат главите на „невините жртви“ од наивно-љубопитната публика.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И Богдан, честитајќи ѝ, ги допре образите до нејзините.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Му зборува за ангели, за херувими, за светци, за дарежливоста и љубовта божја; му зборува за чудесиите небесни што око не ги видело, уво не ги чуло, умот не ги допрел; му зборува за да му се замили новиот живот, што го чека...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Човекот ги допре со прстите на танките, козји нозе старите пантофли, се исправи полека и појде кон ќошот на собата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Еј Алек стигна! Ги допре усните една од друга, ги вовлече навнатре и продолжи со шминкањето.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„А сега, да видиме кој од нас може да си ги допре прстите на нозете!“ рече таа бодро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така е подобро другари, така е многу подобро“, додаде таа охрабрувачки додека Винстон, со жесток напор, за првпат во последните неколку години успеа да си ги допре ножните палци не свиткувајќи ги колената.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Секој што е помлад од четириесет и пет години е совршено способен да си ги допре ножните палци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа клекна крај него и му ги допре градите на неговите гради: тракарањата на срцата им се споија - едно во друго удираше. Ѝ го почувствува здивот, опојниот мирис на нејзиното тело, на нејзината коса и уште повеќе ја привлече кон себе; ѝ ги набара усните, ги споија и замижаа, сакајќи овој среќен миг да го задржат вечно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ги бакна внучињата на Петра, ја прегрна силно неа, а со Чана си ги допреа образите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
XVI И тројцата пријатели во тмурната балканска ноќ го споделуваа заедничкиот утописки сон: што ќе се случи со јагулите, кутрите јагули, ако сталинизмот вистински ги допре бреговите на Езерото, ако се всели во душите на луѓето?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Или барем да ги допрам со прстите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не е во состојба, кутриот, ни да ги допре а камоли да ги сфати задскриените намери и невидливо бојадисаните постапки на насмевнатата секретарка која без да ползи туку само со неколку одмерени скокови се најде на она место од каде сега има целосен увид во сите позначајни случувања во установава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се обидува да ги допре.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Тоа навистина беше големата машина на Времето, ова поткровје, тој го знаеше тоа, го чувствуваше, беше сигурен во тоа, и ако тука ги допрете призмите, онде кваките, хармонските кристали, ако ја завителите правта тогаш, тогаш!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Притоа тврдев дека тешко може да се создаде живот што се разликува од другите и кој ќе се карактеризира како необичен и посебен!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А потоа ќе ми ги допреше усните до увото и ми шепотеше да не запирам со засмејувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нели токму јас бев единствениот кој се обидуваше последниве денови да ја увери Загорка Пеперутката дека се лаже себеси кога мисли дека е во состојба да создаде живот што ќе поминува покрај другите без да ги допре.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ни со збор ни со рака не можеш да ги допреш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
1. Денешно Едрене, Турција Одисеј: да не биде доцна Врзете ме, на време високо на јарбол да можам да им се нагледам да можам да им се наслушам а само со поривот да ги допрам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Стевчо и Иван си ги допреа грбовите до ѕидот од плевната и си ги свртеа лицата кон првите сончеви зраци.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Крал! Кој светот ќе го движи, а на боговите ќе им служи за освојување на истиот... та преку него ќе ги допрат плимите на далечните мориња!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Љубоморно поднаведната убавицата ги допре усничките до младото лице, заречувајќи се трипати едноподруго.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Крстовица пред себе испружи раце, ги допре стапалата, а потоа земјата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вдлабочена во срцата, го буди споменот, вивнува кон небото, чиниш ќе ги допре ѕвездите и плавно се разлева.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Фимка ги погали чорапите, ги допре со образот небаре сакаше својата топлина преку нив да му ја пренесе на чедото и, свртувајќи се, тивко појде.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Лебот и манџата не ги допре.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури кога стигнав до нив толку блиску за да можам со рака да ги допрам, облачето што ја затскриваше месечината се подистави и јас видов...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не најдов оружје, а злато имаа многу.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во пазувите кај постарите жени, наоѓав заврзани крпчиња, но јас само ќе ги допрев да видам да не е муниција, а тие беа пресреќни што не им ги зедов.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Разделувањето со децата трае долго, најпрво Пелагија ги гушка и рони солзи, по неа Чана ги стиска во својата голема прегратка, мајката Роса како да испраќаше од своите ќерки и липтежот не можеше збор да изусти, потоа другите се туркаа, сакаа макар да ги допрат и така преку тие допири чиниш се надеваат дека и тие ќе стигнат до својот корен, до некој свој предок, роднина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)