ги (зам.) - додржи (гл.)

Веќе не можеа да ги додржат дури ни наместените насмевки на лицата. И тие исчезнаа...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Гледаше низ џамлакот во дворот, но не распознаваше дали е бел ден или е црна ноќ, и сѐ му беше во дно од некоја полутемнина, во која предметите одвај ги додржуваат контурите, а боите веќе одамна се изгубиле, како кога во детството го гледаа замрачувањето на сонцето низ зачаден газер од скршено шише.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За сите овие настани живиот дух на потковичаните исковал едночудо приказни, а животот до ден-денешен ги додржал.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не ги додржа солзите дури на крајот кога човекот ја извади петолирката и ѝ рече: - А овие пет лири аманет ти се за среќа на Трајанка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Проретченото есенско лисје не можеше да ги додржи дождовните капки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)