ги (зам.) - догледа (гл.)

Очекуваше да чуе човечки глас, ’рзнување на коњ, истрел, очекуваше онаму над колибата, во длапката низ која минуваше поточето за село, да ги догледа татка си, деда си, коњот...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се насмевна ѓаволесто, а кога ги догледа колибите ги издолжи усните и дувна зачудено: - Аууу!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Обиди се да ги догледаш. Луѓето можат да бидат попрозначни и од стакло.“ Брат му се исправи висок и сув; суровите брчки под едното око му го изменија ликот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше подготвен за средбата, што беше подготвен целиот тој ден, уште штом ги догледа оние лески напред, зад нагорничавата голина, во кои се забиваше крвавата трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)