ги (зам.) - доближува (гл.)

(..) Којзнае, да не мислиш можеби на неизвесноста на секое „којзнае“ од устите на ликовите и раскажувачите? (...) А да не мислиш на самоиронијата на раскажувачите на приказните, која често ги доближува до таканаречените „несигурни/неповерливи“ раскажувачи?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тоа чувство на таа возбуда и восхит со чудото на дотогаш непознатиот јазик на поезијата, со мелодијата негова, со понорноста на тажачка, во моите идни читања сѐ повеќе ми ги доближуваа по јазик и сензибилитет елегичната инкантација и возвишениот Рацинов лирски занес.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Ти која ги доближуваш питомите и крволочните животни од овој свет или од некој друг свет до Змејот и Кентаурот или Човекот и од сите нив правиш Животинско Царство правиш исклучок затоа што - ништо не е совршено на банален начин! Ти која го прелеваш мртвото во живото божевото во човечкото некогашното во сегашното чедното во блудното почуј, совршенството е промислена дозирана грешка - Игро на метафизиката!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Е, тогаш да ти раскажувам, мој Бојанчо, та да ти ги доближувам пред очи сите тие планини, па да ти доближувам дамнешни дамнини, па да ти биде убаво, преубаво...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јехуда Давидовиќ инстиктивно ги доближува своите усни до нејзините. Таа остана така.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наскоро договоривме ерусин 15. Според обичајот, татко ѝ на Алегра реши помеѓу веридбата и свадбата да протече година дена, иако таа традиција веќе се напушташе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мајка уште кажуваше дека Татко, пред исчезнувањето, неколку пати го менувал распоредот на своите книги, ги доближувал до одговорите кои ќе ни се наложат како неопходни во времето кога него ќе го нема.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајката ги доближува децата до себе и е крајно посесивна кон приватниот живот на нејзините ќерки, особено кон поголемата, веројатно затоа што кај неа постоела потајна желба, првото дете да биде машко, замена за таткото во домот, кое ќе го надополни неговото постојано отсуство.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)