Можете исто така да паднете и во стапица константно да ги давите сите околу себе со вашите неверојатни и единствени искуства на ЛСД.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ги давеа мислите за долгите прсти на Отец Симеон.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Од умна болест“ , одговараа а тишината се повлекуваше и ги оставаше шепотите смрзнато да висат над нив, да ги дави, да им ја пие супстанцата, да биде куп гнили крпи околу гнили мумии.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Малиот мирен човек полудел! „Ете“, рече човекот од број 6, „ете , а пред тоа и тој бил само месечар.“ Нешто ги давеше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
* Седам во тремот додека заврнува дождот прво големи капки ретки звучни како пари го растураат ројот од инсекти градите што ги дави потоа под нив пее нежниот тапан на земјата меката намовнатост на прашината.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Само осудените на смрт немаат право на гров и нивните тела не им ги дават на семејствата...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Потоа имаше слушано дека, ако им се даваат на кучињата умрени овци и јагниња, самите ќе почнат да ги дават овците, па Бојан, иако не веруваше дека тоа може да се случи и со неговите кучиња, не сакаше да им даде и најмала можност да направат такво нешто.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Нешто како був низ соба им лета, покривот над глава им го крши, прасињата во свињарникот им ги дави.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Родени се за секакви игри: може да се игра и „прескакулица“ и „јавана“ и „солно-месо“, а и девојчињата да трчаат по браздите по цвеќиња или да се бркаат врескајќи како некој да ги дави или да им фучи со коприва по нозете.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Некои ги давеле, некои живи ги закопувале децата. На некои им било жал. Секакви мајки има.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)