Ако ова се знае, тогаш е јасно зошто една иста личност може да “варира” во стиловите и повремено во неа да постојат повеќе стилови.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Можеби вашиот шеф наутро е чист благородник, во текот на денот кај него се појавува една сократска црта, за да на крајот од денот, кога полека ги губи нервите, пак стане благородник.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Истиот принцип важи и ако комуницирате со поголема група луѓе, на пример со direct mail програмата или преку оглас.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Успеваше да го организира својот отпор, длабоко во себе, без да ги губи духот и цврстата почва.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
А луѓето ги губат животите, во миговите на смртта извикувајќи го неговото име и повикувајќи ја неговата правдољубива и одмаздничка рака...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бане беше вцрвен и намрштен: Јас молчев и чувствував некаква кривица дека можеби заради мене, за кого се заложи, тој ги губи своите нови чевли.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
ГЛАСОТ: Ние сме од организацијата за вампирски права и азштита.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
МАЛИОТ: Игнорира, а?! При ударот, Кртот ги губи своите очила.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Јас станав новата мета иако ни првата не беше доработена, тој наизменично сакаше да игра со двете, а Лима непречено ги губеше нервите и ја јадеше самодовербата кога тој ќе се свртеше со своите игриви очи кон мене.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Нивните погледи натаму беа толку желни што повеќе намамуваа да се појави нешто на повидок така што и низ двогледот предметите ги губеа своите облици станувајќи неодредлива измама.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Затоа можеби и бев понекогаш екстремен во своите размисли за верата: или радикално го отфрлав постоењето на Бога или, во време на несреќи, кога ги губев најблиските од семејството, кога животот ми ја немаше смислата што би ја имал со нив, дури бев готов да ја проколнувам судбата што останав верски откорнатик...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Работите како да ги губеше од контрола.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Иако Duchamp драмата не ја видел бидејќи таа за прв пат е прикажана на Монмартр во јуни 1917, за време на неговиот престој во Њујорк, интересно е да се забележи дека некои ситуации од таа драма наоѓаат паралели во Duchamp-овите дела од тие години.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во првата сцена од првиот чин - драмата ја обработува приказната за замената на сексуалниот идентитет на еден млад пар (Therese-Tiresias и нејзиниот маж) - Therese ги губи своите женски атрибути и ѝ растат брада и мустаќи - како кај Duchamp-овиот L. H. O. O. Q. (1919).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во такви моменти мажите ги губат своите котви.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во оваа, скриената градина нема посетители, дури и најприсутните, дивите цвеќиња и тревата се исполнети со невини духови.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Розите ги губат своите бледникави ливчиња, но веднаш до нив, нивните сосетки горделиво, во следниот час, распупуваат нови цветови.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Острината на чувствата и мислите сѐ повеќе ги губат своите граници, ги затапуваат своите рабови, потонуваат едно во друго во една неодреденост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Беа добродушни и мирни, како две големи животинки (бригадирот Језекил: како две бачилски подрастени кутриња, ах да), а беа послушни и питоми и сѐ ги губеше своите вистински размери, кога ќе го дофатеа тие, сѐ стануваше некакво кревко и совитливо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Невработеното лице кое нема да ја исполни обврската на овој член во рок од 30 дена, по истекот на рокот на јавување утврден во индивидуалниот план за вработување, се брише од евиденцијата на невработени лица и може повторно да се пријави по истекот на една година, а корисниците на права по основ на невработеност ги губат и тие права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Фашистичките влади осудени се на тоа да ги губат војните, бидејќи конститутивно се неспособни реално да ја проценат силата на непријателот.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
МИХАЈЛО: Те вика! (Одеднаш ги губи крилата. Султана се враќа назад зад фреската која се затвора, златната позадина се крева горе, сцената е иста како на почетокот.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Деспотизмот секогаш ќе смета на неговото жртвување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Можеби револуциите се неговиот единствен луксуз во кои застанува во првите редови, но брзо ги губи илузиите, нема режим што може да го спаси, принуден да се приспособи на секого и сешто...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мислам дека сите додатни објаснувања на Соња Пазарџиева имаа за цел да ме уверат дека сум прокоцкал убава шанса, но дека животот без тие непредвидливи околности ги губел изненадувачките својства, а спомнатата Соња, ја сфаќала во прилична мерка мојата природа, знаела дека јас не сум спремен да го изберам сивилото како основна боја за моето секојдневие.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Над голите стрништа шетаат ниски огнови. Полето ја менува кожата. Потполошките ги губат седалата.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Тој со занес зборува за топлите дланки на Ана, (топли како најслатко печено), за непостојаните форми на тестото во нејзините прсти; за нејзината насмевка и одразот на насмевкава врз надворешниот изглед на пицата; за состојките додадени на тестото што наеднаш ги губат посебностите во корист на целината.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Со закон и колективен договор може да се утврдат и други случаи на кршење на работниот ред и дисциплина и на работните обврски за кои работодавачот го откажува договорот за вработување без отказен рок (чл. 82, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Основна дејност на овој „погон“ – кој работи со мошне застарена технологија и кој, по распадот на СФРЈ, почна да ги губи освоените пазари – беше базното производство, полимеризација и преработка на ПВЦ прав.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ова големо акционерско друштво, со прилично сложена структура и внатрешна организација, во своја сопственост има уште десет други трговски друштва – меѓу кои и „Охис Пласт М“ ДООЕЛ – Скопје, кадешто конкретно работеше и X.Џ и каде имаше околу 300 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Битно за работниците е да знаат дека некој од правата кои инаку им следуваат по основ на привремена невработеност – тие автоматски ги губат ако добијат „дисциплински отказ“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во сонот човек е најсреќен; се ослободува од маките, ги губи недостатоците: слепиот во сонот не е слеп, сакатиот не е сакат, глувиот не е глув.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)