ги (зам.) - грабне (гл.)

Тогаш Дамческите, синовите на војводите Мирчета и Дамчета, Ордан, Крсте и Благоја, и Акиноските, Најдо, Тоде и Неделко ги грабнаа пушките и за час се најдоа таму, во Беговски Ливаѓе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секој Турчин маваше на секој селанец, селанка па и на децата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Претепаните ги одвлечка аскерот во авурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Двете невести, Јова и Петкана, и дванаесет годишното девојче Митра ја разбраа работата и се закопаа во сламата како прасиња во буниште, но чаушите навлегоа во племната, ги грабнаа вилите, ја избуричкаа сета слама и ги извлечкаа скриените жени и девојчето, та им ги затнаа устите на трите со шамии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тоа време јузбашијата им ја пренесе на аскерот наредбата за ќотекот и овој ги грабна пушките за цевки и се втури во купчето народ, та почна немилосрдно да мава каде што ќе му се згодеше. Со плач и пискотници се разбегаа жени, деца, луѓе и на сретселото останаа само тепаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Детето ги грабна парите и отрча да се пофали дека добило пари.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ги грабна кофите и одвај успеа да му дофрли на својот другар: - Манукот, манукот е долу!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Патем корнеа колје, претрчуваа до дома да земат кој вила кој пушка, жените ги грабнаа анџарите од готварниците, децата се наоружаа со бодежи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
За среќа, француските морнари што од претходната ноќ беа кај нас ги грабнаа шмрковите... и почнаа да го гаснат пожарот од нашата страна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бајко беше голем итрец и, на времето, смисли итроштина, иако за тоа плати дванаесет перпери казна: го запусти лозјето, ја префрли земјата на брат му, ги закла свињите, ги олапа говедата и овците, ги грабна само суџуците, пастрмата и, едно, две, еден ден ги собра Бајко Марија и малечкиот Петрета кој изгледаше помалечок и од што беше, и се префрли во манастирот Свети Ѓоргија - Горг над реката Серава и ридот Вергин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го слушаа луѓето, а потоа ги грабнаа стаповите и пак го претепаа. „Ти си ѓаволот! Ти со натемагото!“ му рекоа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За миг на осудениците им ги распараа алиштата со јатаганите, ги соблекоа и ги грабнаа по двајца јаки сејмени и дренкокош – едниот за глава другиот за нозе ги качија и ги бапнаа врз разгорениот оган.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Снеже се вцрви и рече дека нејзе такви нешта ѝ се здодевни, а Мишел дури сакаше да ни ги грабне „Вљубените срца“ и да ги искине.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бреза ми ги грабна коњите и не сакаше да ми ги врати.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Неисчешлан, со неизмиени заби и облечен во стари зелени тренерки, ги грабна кесите што се прелеваа од корупки јајца и мирисаа на паштета, ја отвори вратата и симнувајќи се по скалите ја здогледа неа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во Лион живее внук ми и цел ден работиме математика затоа што тој имаше тест.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таков избор направил и Чанга со козите. Тој што ќе се осмели да ги грабне од смртта и самиот ќе си пресуди.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Прашав зошто токму Иван Степанович да ги грабне?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И сите нив ги грабнуваат, ги убиваат или ги затвораат пак - ноќе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш Трајанка излезе пред децата и ги грабна оние двајцата што се бореа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)