ги (зам.) - граба (гл.)

Мајката, сета избезумена, зајдена од липање, со пуштени нечешлани коси, ги граба Корилчета и Верка: „Елате, душички мои, елате да си ја видите цеца ви“.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ги грабаа своите палта за јаките, налик на животни кога ги фаќаат за врат своите малечки, ги облекуваа и брзо се враќаа на своите места.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На дел од отвореното небо, неопределиво парченце кусо ослободено од октомвриските облаци, лежи некаков призрачен белег, зрачен мраз или разјадена месечина и ѝ ги граба на темницата запизмените раненици, го отргнува од неа заедно со нивниот грч, и нивната безнадежност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Така скротени и нив еден ден ќе ги пуштат да им ги грабаат децата на рисјаните: зашто секоја година султанската Порта се подновуваше со јаничари.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јадрата рака ги граба мушичките и на дланката остануваат нивните смачкани тела.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Безобѕирниот живот ги растргнува живите, ги граба.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И во градинка учителката еднаш ни читаше една приказна за нив – тивко прошепоти и почна да плаче. – Тие ги грабаат малите деца и ги носат далеку од родителите – плачеше таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еее, уште само тоа ми требаше, си помислив, како сега да ја смирам? Дена сè погласно и погласно плачеше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бети: Грета, ме убиваш!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Сакаш малку да ги душкаш? (ѝ ги става под нос) Бети ѝ ги граба гаќичките.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)