ги (зам.) - гмечи (гл.)

Во черепот забележаа змиски јајца, кои при фрлањето на черепот, распукаа и од нив излегоа мали змивчиња; луѓето се згрозија и почнаа да ги удираат со лопатите и да ги гмечат со нозете.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И да викаат сето тоа време, додека играчите растрчуваа по зелената полјана, а тие чувствуваа како во нив расте едно задоволство, што успеале да избегаат од оној нивни прашлив свет, од влажните зелени ѕидови на своите собички и од сето друго, што ги гмечеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои се веќе паднати на плеќи, други ги гмечат, натежнати од обилниот дожд, а сите се сплеле во големо косиште, расчорлавено, по бавчата и така се скапуваат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Разговорот меѓу нас, зголемен до бесмисол, ни ги гмечи носовите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А не се реди животецот и според римите на поетите што се гледа и од тоа што поетите ем се постојано жедни, ем се уморни од лажни ветувања и никакви очекувања, а згора не можат да земат здив под големите купишта празни зборови под коишто ги гмечи заборавот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се враќам зад кулисите и гледам како огромен диносаурус ги гмечи, џвака и черечи моите колеги – актери.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Војниците не сакаат да слушаат докрај: крцкаат со заби и ги гмечат летоците фрлајќи ги под нозе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)