ги (зам.) - глода (гл.)

Оттаму гушнати итавме да се отвориме еден во друг како што се отвора секој сон и како што сите ткајачки ги раздиплуваат своите черги врз кои потскокнуваат големите надежи сеедно што не се гледа баш јасно кој го крка месото, а кој ги глода коските.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
— Ноќеска, велам, ќе го заградиме селото од сите четири страни и ќе му влеземе на мудурот во конакот, ќе го симнеме од столот и ќе си седнеме ние, ќе се ослободиме и од него, и од неговите заптии — да не ги глодаат веќе коските!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Џавид. Дургут, Халил, Хилмипаша, на сите ќе му дојдиме доак, не плашете му се, не сме сами.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Треската го мачеше, како крт му ги глодаше зглобовите, затоа се жештеше - „Не сум ни комформист, ни медиокрет, затоа ме сметаат за луд.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги глодав тенките ковчиња од крилцата долго, бидејќи мевцето брзо падна, ги глодав без да ми е важен ни мирисот, ни вкусот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Не, викала жена му. - Ќе почне од мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
(За една или две недели ќе исфрли од себе скрапличе со чпртаво муце, а гледај ја - ќе му ги глода маченичките коски на својот добротвор!)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тие четириесет и три мали тврдини од оној свет - камен врз камен, во пукнатините на ѕидовите гнијат диви треви, врз истоштеноста легнале неотпорни покриви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Времето не им е соујзник. Ги глода. Не се даваат, спомен се, паметник на тага и крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)