Папратта околу нас прилегаше на вистинско зелено море, прошарано овде-онде со првите жолти дамки што успеала да ги втисне раната есен.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Бендовите како Greatful Dead, Doors, Beatles, Rolling Stones, Jefferson Airplane, Mothers of Invention, Dylan и други, кои својата музика ја компонираа и изведуваа под дејство на дроги, ги втиснаа своите психоделични доживувања во културата на младите и врз нив имаа слично влијание како прави курандероси. Tomas de Kvinsi може да се означи како основоположник на модерната “dope” литература со своето дело “Исповед на еден уживател на опиум”, коешто настанало како директен резултат од неговите искуства со лауданумот, препарат на опиумот кој е воведен во терапијата на болни состојби уште од времето на Парацелзус (Paracelsus).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Така создадов необична
и невообичаена сопоставеност од
портокалова, тиркизна, скерлетно пламена
и златно ореолска боја
и ги насликав женствено оние чија аура е видима
трите ангелски лица
трите посланика на искушението
и гласот дури го насликав:
'Не кревај рака врз чедото свое!'
Така сите бои со сите облици
во вид на жиг на Светиот Дух
(ни мој, ни не-мој)
ги втиснав на дрвена плоча,
пресувана стрпливо и грамотно
небаре испосник
за да опстане со силата на пречистата
мисла, оти и мислата е светлост,
и топлина, и магнетизам,
енергија - сѐ на сѐ!
и заедно, во возвишен,
а за Окото дофатлив облик,
ги склопив!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)