Таман во муграта излегоа од село и открачија колку да не ги втасаат дрварите нагоре и веќе забеле зората.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Попот го остави сандачето и ѝ ги даде на Бисера клучевите од куќата, и торбата на рамо — се загна горе Жиовски дол, со надеж дека ќе ги втаса општинските управници.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Едни со старата, христијанска вера појдоа кон Европа, преку Јадранското Море, другите ги втаса Азија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сакам да ги втасам, ама нешто ми тежи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зар толку не можеш да си ги втасаш рацете, продолжува Рогожаров, зар толку не можеш да си ги фатиш?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се разбира, намерата им беше да одат кон паркот, кај козите, да ги втасаат и да ги поминат колоните војници и полицајци, да му кажат на Чанга, па да ги земат и нашите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И никогаш не ги втасавме тие што заминаа преку морето…
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Преовладуваше цариградскиот сон како да ги втаса и да им се придружи на своите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Како да сакаше да ги втаса морињата, со мислите, на патот преку реката, до бреговите на Америка, со надежта во враќањето преку потомците, пред да им го запрат патот градителите на новиот прогрес, производителите на новата енергија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)