ги (зам.) - врзува (гл.)

Така се разделија сваќите Цвета и Петра, а вдовецот Илко веќе ги врзуваше маските на јаслите и ѝ викаше на снаа му Митра да донесе зоб да им даде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овие тоа сами го правеа, само одеа во полето, сами окосуваа малку `рж, а јажици сѐ уште немаа, требаше допрва да се направат, од штотуку окосената `рж, сноповите ги врзуваа со ортоми и на набодни ги пренесуваа во дворовите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Толку е блиску тоа како млекото на лулката на несвенатата на глината на одрината на бреговите на светлоста Огрева таа и темнината од рамената од морните ја истава Во јасен час ги врзува со стреата со татковата кон изгревот загледана кон огништето на сонуваното време надежите пробудени што ги прибира во зимата на долгата ноќ
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Седат и молчат загледани во огнот и секој си ја тегне мислата, ја ткае - доткајува, во неа ги врзува своите желби и сакања...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѓорѓи, кому веќе му зарасна скршената нога, делнува со балтичето во сувиот боров пен, отцепува борина и со ножот делка прави стапчиња, иста должина, ги реди, ги врзува во китка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со денови, со ноќи, откако извишија ѕидовите, Откако во правта околу нив, под нив Се препознаваше белиот малтер Измешан од сонце, од воздух, од дожд, Мајсторот дигаше, ги потпираше, ги врзуваше Греда по греда, штица по штица, Коваше брут до брут, клин до клин, Сѐ дури не се покажа костурот на покривот Сѐ дури не дојдоа сите да ја даруваат куќата, Сѐ дури не извиши таа повисоко од сите други куќи Од каде можеше убаво да се види месечината Како влегува низ отворениот прозорец И лази под постелата на заспаното детенце во старата куќарка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ги врзувам врвките на удобните обувки иронија и газам со нив по светнатиот патос на сарказмот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Над нив се нишаше и големиот мост кој ги врзуваше бреговите на Европа и Азија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Самиот се скротував, се дисциплинирав, научив да седам со часови на работното масиче, научив да ги врзувам зборовите во еден поинаков раскажувачки ред и, со текот на времето, во тоа успеав.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се бувтале, се разбрале, сега ги врзува братство и единство.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Беше ги слегле во едно нивиште под патот и веќе им ги врзуваа очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тој трмееше под бремето на својата тешка болка, која на еден ваков нечесен начин му ги врзуваше беспоштедно сите негови мускули и сето време мрмореше нешто и гледаше пред себе со широко растворените очи на страот, кои веќе не можеа да видат ништо во неговите природни бои, пред кои сѐ друго, освен тој страв, остануваше скриено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Смеам да те врзам? (Ги врзува ракавите од кошулата одзади.) Те врзувам лабаво. Ти оставам надеж дека можеш да побегнеш. Ти таа можност не ја користиш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Почекај, ќе те фатиме и ќе ги врзуваме опинците и објалата со твои жили.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Осип Сечковски кашлаше и викаше низ солзи: „Онисифоре, зошто го стори тоа, мамичката твоја?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето ги оставаа убавите куќи, топлите одаи, богатите градини зад куќите, ги оставаа дрвените кревети, долапчињата, садовите што ги имаа присобрано или откопано од дворовите и градините, си ги врзуваа старите пљачки во бовчи, ги префрлуваа изврзаните кокошки преку рамо не водејќи сметка дека ќе бидат испосрани, ги дигаа сламариците со сѐ прав, болви и раздробена слама - се преселуваа околу огнот на дедо Костадин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се завиткувавме во нив, ги врзувавме со телефонска жица што ја наоѓавме во ѓубриштата покрај морскиот брег.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Гладен, со своето семејство, со својата службеничка плата, со која тешко ги врзуваше двата краја на месецот, татко ми се обидуваше, со сета дотогашна ука, со сите источни и запад­ни книги од својата библиотека, да ја разбере новата вера во која се колнеа луѓето – социјализмот, комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Војниците почнаа еден по еден да ги врзуваат селаните.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кријам глава зад двете близначки пред мене, им ги фаќам пополека двете крајчиња од нивните плетенки,ги врзувам во цврст јазол и нестрпливо го чекам ѕвончето. Доаѓа и тој миг.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сепак, не реагирав. Зошто токму јас да му напоменувам дека несигурноста што ни ги врзува рацете и ни ја подјадува надежта не почнува и нема да заврши со нас, и тоа токму оваа вечер!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кучињата ги водат и ги врзуваат за сливите Ѓенески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И, жените, наопаку ги препашуваме скутините, наопаку ги врзуваме шамиите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кој ќе ми направи јажици, со кого ќе ги врзувам снопјево, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утрото идат и кај мене луѓето. Мажи, дербедари, одат по куќите, ги фаќаат кучињата. Ги врзуваат, ги одврзуваат и ги носат на сретсело.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)