ги (зам.) - востанови (гл.)

Таа борба ќе им ја симне маската и на едните и на другите и ќе ги востанови симпатиите на европската јавност и на европските влади во полза на новото течење и против лажливците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако ги востановува овие три типови, Јакобсон веднаш преминува на укажување на главниот проблем кај сите нив: дека, додека пораките можат да служат како адекватни интерпретации на кодни единици или пораки, кај преведувањето редовно среќаваме непотполна еквивалентност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Навистина, што се случува кога народот себеси не си остава можност на избор, кога не негува барем две свои карактерни страни, и не ги востановува како токму своја општествена состојба?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)