Тој ѝ ветуваше сосема обични нешта, толку обични, што луѓето не ни помислуваат да си ги ветат едни на други.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа пролет, пролетта во која Добрата Душичка и Макс го чуваа од згаснување тивкиот оган на кој се грее душата, за сите нас во Гнездо траеше колку цел еден живот; како сите ние по цели еони ледено доба да почувствувавме дека душите одново нешто ни ги стоплува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Макс ѝ го ветуваше на Добрата Душичка она што тој самиот некогаш посакувал животот да му го вети нему, ѝ ветуваше сосема обични нешта, нешта кои луѓето не си ги ветуваат затоа што тие се подразбираат во постоењето та за нив нема потреба од посакување, нема предуслов за копнеж, затоа што копнежот може да се роди само кон она што е тешко остварливо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Го слушавме Макс како ѝ ветува заедничка постела во соба со прозорец од кој се гледа улица по која врват луѓе (толку слично а толку различно на прозорците од кои се гледаше парк по кој чекореа пациенти и доктори), ветуваше денови во кои ќе си ги учат децата да зборуваат и да се радуваат, ветуваше колку ќе бидат блиски нивните тела и пред заспивањето и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)