ги (зам.) - везе (гл.)

Па се чудеше зошто Бошко се насолзува, па и самата проронуваше по некоја солза, зашто дечињата што ги везеше нејзе најмногу ѝ ја параа душата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кружат шишињата со ракија од рака до рака, паѓаат наздравувања, благослови, едно од друго поубави, помладите поздравуваат со сегашен јазик, а старците вадат од сеќавањата некакви стари зборови, па ги везат и ги редат во долги наздравувања, ракијата во шишињата се смалува, а расположението, расте.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На пилето ќе му речеш: „како што ти работат крилјата, така да ми работат рацете, прстите“ . И кошула ќе веземе, ѝ велам, твоја рака ракавите ќе ги везе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никако не ми поаѓа од рака да ги везам буквите додека пишувам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)