вие (зам.) - се (зам.)

Место да се гнасите, бестрамници ниедни,' вие се гордеите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како „било што било?“ Не разбирам jac тебе!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вие се поисплашите малку, ние го окркаме копанот и тоа затоа да ни биде на двете страни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Но постоеше! Постои! Постои во сеќавањето. Јас се сеќавам. Вие се сеќавате.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше очигледно дека се запрепасти од тоа што го слушна од Ема: „Со нејзина помош вие се обидовте да допрете до мојата приватност.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Вие се познавате?“ „Малку“, чу Отец Симеон и виде две лути зрнца пипер во очите на Ивана; жедно слушаше: „Тој мисли дека јас сум го довел овде.“ „Разбирам“, ја накриви главата старчето и пак спласна зад масата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„И вие се фалите со сето тоа?“ рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еј, грчки глави под англиски шлемови, вика и кашла, вие се борите за кралот, а кралот за Англичаните!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па да видите, сакале или не, вие се позапирате и сега сосема сериозно, сами себе, се прашувате: - Таа беше или не?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Вие се препознавте во мене или јас во вас?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во својата средина, на улиците, в училиште вие се среќавате со такви галеничиња.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Туку јас се расприкажав. Таму горе, заради подбивањата, јас повеќе молчам, а Вие се покажавте така љубезен да ме ислушате и... јас се заборавив.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Вие се надевате на нешто брутално. Вие немате ништо против небото да го видите од другата страна одблизу да го видите па заспивате.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Според нашите податоци, откако имате откриено дека на вашиот добродетел Чардаклија му е изречена и казна, вие се впуштате во проверка на утврдените факти, ги потхранувате луѓето од селото со некои свои вистини, а во прибирањето на податоците не ги заобиколувате ни најблиските на обвинетиот кои сосема разбирливо секогаш ја застапуваат страната на обвинетиот; со еден збор, вршите своја приватна истрага со противдржавна намера.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Ме збунивте. Помислив за момент дека јас сум тој што прашува а дека вие се служите со моите зборови“, најде за потребно да објасни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Малограѓани! Сељаци! Децата ви се до гуша во хероин а вие се курчите со вашиот безвезен, апсолутно непримерен морал и со вашето фолирантско „згрозување“ над „девијациите“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)