Лондонски автобус 21-ви век и небо, влажно небо над раскостената земја; лондонска облека и сувенири и јазик долги самогласки, Долги патеки од улицата Оксфорд до станицата во Саутфилдс.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Такви ми се очите од раѓање, гледам низ твоите очи- не светеле секогаш така, го пушташ долгиот јазик за кратка зборовна мака: „има некој вишок овде” Очите ги вртиш како ролекостер кон прозорот, нема е миризбата на неугодноста и штетна; Јас заборавив одамна да одземам и сметам, а мислев 21-ви век беше, и небо, небо над целата раскостена земја.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)