ви (зам.) - ги (зам.)

Дозволете ми да ви ги претставам познатите глумци Цики, Кристина и Беки!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но не е толку далеку денот кога ќе можеме тебе, тебе или тебе да ви ги замениме главите и во една сајберобработка да те подмладиме на тој начин како стогодишник да можеш да усреќиш една млада кравичка, или своето парење во виртуелниот свет да го претвориш во стварност; тоа сè уште не значи дека сме го грабнале Бога и дека стварно ги знаеме вистинските волови. 8 okno.mk Но што?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Драги гости, пријатели на Еди!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неговата трагедија, која во реална смисла ја доврши босанскохерцеговската војна на сите против сите, симболички сепак кулмнираше со оној недвосмислен предлог за размена што неодамна можевме да го прочитаме од некој хрватски ѕид: вратите ни ги нашите Срби, еве ви ги назад вашите Херцеговци.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Портирот не праша од каде сте, не се интересира за пасошот, важно е прво да ве смести во хотелската соба, да ви ги покаже леглата: чистиот чаршав, јорган и перница, да наплати кога ќе си одите и дури да ве почести со едно убаво турско кафе за „алашверишот“ Хотелите во Истанбул се и скапи и евтини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеме да ви ги исклоцаме или да ви ги вратиме, освен ножињата и оние неколку празни фишеци...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но ќе се нареди и таму. Нема таква сила по велешко како овде, — им го кажа своето мислење Ѓорче и ги повика беловодичани што го доведоа него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Овие пари, петстотини лири, ми ги дадоа Трајко и Толе да ви ги предадам за пушки — им рече Крсте на Грабула, Бајракот и брата му Алекса и им го подаде црното шамивче во кое беа врзани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По излегувањето од Алимасковци, Бајракот се наврати кај Бабовчето и овој го внесе во визбата да му соопшти некаква новина од Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еве ви ги беловодичани, ќе ве преметнат преку Дервен, ќе ја фатите Бабуна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само прашајте го својот партнер во креветот дали неговиот/нејзиниот може вам да ви ги претставува сите свои серијални претци!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не е важно колку читаш туку што читаш. Може да завршиш и 3 факултета, но пасивизираноста на студентите покажува дека факултетите се само добро разработени детергенти кои тенденциозно ви ги потплакнуваат умовите и ви ги држат под контрола со што станувате послушници на системот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Нема да ви ги опишувам последните моменти на госпоѓицата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Започна со сценариото на Квентин Тарантино (Reservoar Dogs), потоа вретеното почна да се врти: На Тарантино му беше доверена приказната, Стоун и неговите соработници Дејвид Вилоз и Ричард Рутовски се занимаваа со екранизацијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Актерите се сѐ повиртуозни, камерата е постојано под агол, дречливите бои се спојуваат и судираат создавајќи визија на усвитена Америка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Освен што, нормално, Стоун не ви допушта да останете назад. NBK го “дрпнува” секој можен визуелен трик на авангардното и меинстрим кино - морфинг, проекција наназад, успорени снимки, анимации и пиксилации - и во два делирични часа ви ги фрла в лице како лушпи од портокал.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еве ви ги одлуката и распоредот, како и клучевите од вашата нова работна просторија...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Татко ви ги преведуваше сиџилите во текот на работното време - се обиде Палигоров да му стави крај на разговорот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Многу од нив, времето ви ги откри, а и други ќе ви открива.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ќе ви ги напишам вашите „останати“ и одете по ѓаволите!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ќе ви ги напишам вашите „останати“ и одете по ѓаволите! - службеничката уште еднаш ѝ се обрати на целата опашка и јас ја добив неопходната легитимација, која потврдува дека од сега па натаму јас сум граѓанка на Хрватска.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А јас во песот гледам: Дали ќе заборави дека е спитомен кога ќе ви ги лизне рацете.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ти пријде и ја оттурна осаменоста од тебе, и стоевте, дали маѓепсани од водоскокот што ви ги качуваше погледите угоре по искрите водени, по кои се качуваше и една бавна гасеница од виножито пред да се престори пеперуга или некој друг украс на денот?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Откако изброил на едно купче рамно сто жолтици, ги турнал пред стрика Никола и рекол Овие ви ги оставам вам за ваша издршка и за издршка на Драгана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа пак зел да брои жолтици и пак откако изброил рамно сто, пак ги турнал пред стрика Никола; Овие, рекол, ви ги давам за кô ќе порасне Драганка и за кô ќе ја мажите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И по трет пат зел да брои жолтици; и пак откако изборил рамно сто, пак ги турнал пред стрика Никола: Овие реко, ви ги давам за кô ќе ѕидате црква јали училиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Претставителите, чии имиња ќе ви ги набројам подолу, на вашите читатели бездруго ќе им се чинат многу малку, кога ќе има предвид статистиката на бугарскиот народ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ви ги оставам и моите заштедени пари за моето безживотно тело и сумата за два метри земја во Албанија...“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Само некој кој сака да се измачува себеси може да сака да ги дознае оние нешта кои вие барате да ви ги кажам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако имате барем малку самопочит, вие би заборавиле дека Рајнер постои.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На 13.11.1903 год. утрото по разговорите со К.Мисирков и Ст.Јакимов кај него дома во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Пишувајќи Ви ги моите лични сфаќања за иднината на мојата татковина Македонија, ги имам предвид големите опасности што се кријат во сепаратистичкото национално движење меѓу еден дел од македонската интелигенција, кое зад себе веќе влече и македонски народни маси, особено во Југозападниот дел на Македонија, со центрите во Охрид, Ресен, Битола и Прилеп”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Адаптирано: Еден од директорите на театрите кај нас, му испраќа билети на првиот човек на партијата која го назначила за директор: „Ви ги испраќам сите билети за премиерата. Ако не дојдете, нема да има премиера“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А сега, благодарејќи му на Бога што сум помудар од тогаш, сакам уште да ви кажам: дури и ако мене ме снема од светот што го познавате, дури и ако храмовите Божји ги разурнат, та од нив да не остане ни еден камен, дури и ако вашите пророци и водачи ве напуштат, а браќата и сестрите ви ги погубат, не чекајте Божја одмазда за неправдите што ви се нанесени!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но сега сакам да ви кажам...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, сега сакам да ви кажам нешто што тогаш, не ви го пренесов, неуко преведувајќи ви ги зборовите Негови.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Македонци, чеда мои, сакајќи тогаш од душите да ви ги растерам сенишатата на неразбирањето и стравот од бесмислата, неподготвен и збунет, наместо да ви понудам утеха, јас и кај себе ги разбудив демоните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Драги пријатели, ви пишувам сега за да ви кажам дека кога дојдов кај вас, верувајќи дека сум пратен од Исус Христос да ви зборувам за Радосната Вест, а повикан од вас самите да ви ги отворам срцата за неа, мислев дека треба да го сторам тоа со прости зборови, на вашиот јазик, за да разберете.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Вие сакате некој друг да ви каже дека сте во право, да ве тупне по рамото и да ви ги реши проблемите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Подобро послушен физикалец што ви ги истоварува бедните панаѓурски стакленца и перлички од Грција и Турција, отколку креативност, ентузијазам и енергија ОВДЕ нешто да се работи. Држава на шверцери и пејџер-типови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Обично, лежев така со саати на каучот, во целосна темница и размислував за разни работи со кои овде немам воопшто намера да ве давам. зашто, за среќа или несреќа, немаат никакво влијание врз настаните што овде ви ги прикажувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Потоа, кога по сите оние операции што малку погоре ви ги наспоменав ќе се најдев во станот, почнуваше еден мошне долг период на темна будност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ЈАС ова така го доживувам, и жестоко ќе се борам за секоја нијанса на мојата слобода, а камоли, проклети ТВ стаорчишта, да се наоѓам на пола пат со вашите ступидни теми што ви ги наметнуваат кретенските полит-новинари, тнр. информбироовци кои хараат по бедните мозоци на макетонските поданици.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Алал ви ги чинам... Само кажете кога ќе се враќате назад...“ „Зошто?“ го прашуваме.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- А јас помислив дека сакате да ви ги отпишам долговите, вели Доксим Тренчески и се дуе во образите, ко предојдено тесто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со господова помош ќе ви ги изделкаме камењата за неколку дни, три или четири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кажи им. Се договоривме. - Ќе им кажам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А и некој да ви ги направеше кој ќе ви работеше во нив, ако не бевме ние селаните.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе прифатам сѐ што ќе правите, ќе одам каде ќе одите, но ќе ми дозволите за крај да ви ги покажам уште Теразие и Калемегдан.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- А сега, сакам да ви ги откријам моите изненадувања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Доста, доста! - подвикна Никодин. Да не бевме ние, кој ќе ви ги направеше сите овие фабрики?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ви давам три дни за размислување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А ако погодите, ќе ви ги дадат сите растенија од оваа нива.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И топлината од сончевите зраци ќе ви ги гали главчињата. 8 ДЕЛ АФТЕРШОК Живеам во постојана апатија со глупоста.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Везден молчи, сепак само глас да крене – лисец ќе се стресе волк ќе фати џенем.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Не ѕверете се тапо во нас, - подвикнаа зеленозабиот. – Пејте, доколку мачка не ви ги излеа јазиците.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Туку гледате некој цела рака ќе ви ја вотне в уста, в очи, ќе ви ги извади очите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но јас сакам да ви ги изнесам само оние часови во домот, само оние проклети часови поминати во домот, господе, та ние и немавме други часови, чесен другарски збор, само оние часови додека дојдовме до Сентерлевиот рид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа време, признавам, сосема малку зборови знаев, и тоа сѐ некои лоши зборчина што никако не можам да ви ги соопштам, бидејќи сега им го знам нивното подлабоко значење.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Па тој намерно свиреше...“ му рече болничарот, „за да ве расположи, за да ви ги отргне мислите од болките, од маките што ги имате; да ве разведри...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„ Поројници ќе ве сотрат, ќе ви ги избришат нивите и ќе ви ги подлокаат куќите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако пак Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден на друг да ги миете нозете.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Интересно, системите и правилата во музиката овозможуваат да дојдете до нешта коишто вашиот вкус никогаш не би ви ги дозволил.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Простете што ви ги обновувам тешките спомени, но ете тоа се случи имено во оваа соба, зарем не?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако ги запрашаш, пак грчките книжевници: „Кој ви ги создал буквите и превел книгите?“ - Тоа малцина од нив и ретко знаат за тие работи.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Ако, пак, ги запрашаш словенските книжевници: „Кој ви ги создал буквите и кој ви ги превел книгите?“ - сите знаат и одговарајќи ќе кажат: Свети Константин Философ, наречен Кирил, тој нам ни ги создаде буквите и книгите ги преведе, заедно со брата си Методија. Уште се живи оние што ги виделе нив.“
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
- Ве молам, строго да се придржувате на часот во кој Марија ќе ги зема овие лекови, што ќе ви ги дадам.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сите се собраа околу него, но место одговор продолжија да плачат. – Да не сте писнале зашто со клоци ќе ви ги истурам цревата – викна силно момчето околу кое се собраа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во моето месо имињата свои ги издлабивте но некаде јас пак ќе ви ги вратам.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Нико­гаш нема да ви ги заборавиме добрините што ни ги стори татко ти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Толку што се однесува до милионите, уживајте во фрагментите од книгата што ви ги пренесуваме. (Аббе Бузони)
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
КОЈ Е КОЈ, ОД СТРАНАТА НА МЕСЕЧИНАТА
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Смешно е двоглав човек да ви ги задржува главите да не одлетаат!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
-Блаблабла. Дај ми ги стрелите - вели Бедмен. КРАЈ?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Затоа и дојдов овде пред вас како пред браќа по судбина да ви се исповедам, да ви ги кажам моите последни маки пред крајот на мојот живот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
СВЕТО: Кога ви ги украдоа девизите, јас бев.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
- Работчињата што ви ги дадов ќе ги поделите со другарите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Орлите ќе ви ги искинат месата, - рече.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Влегоа дома во готварницата, тетка Фора им рече: - Расобујте се, дечиња, фрлете ги настрана тие пусти чегалки што ви ги дале и седнете.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тие мрсници се способни на сѐ. Тие, како што може да се види од твојот случај ви ги менуваат имињата за доказ дека вие божем сте Бугари...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не, не постојат можности да ви ги наведам. Причината е банална, нивниот број не е мал.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Само ви ги пренесувам зборовите што се запишани во оваа Божја книга, продолжи тој.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Имајте го и тоа на ум кога ви ги изнесувам своите објаснувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Светот застана. Тишината беше толку неизмерна и неверојатна, како да ви ги наполниле ушите или како да сте го загубиле сетилото на слухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Што ме поттикна да ви ја изречам оваа понуда?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Знаете, јас ќе ви раскажам сè што знам – реков – спремен сум дури и своите сомненија да ви ги презентирам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тука се борите, а таму Грците ви ги затвораат вашите затоа што зборуваат на својот јазик!“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И Луман арамијата додаде: - Сега сите ќе си одите дома, а воловите ќе ви ги пасеме јас и јунаков.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Добро, тогаш ќе ви ги истргам ушите за да пораснете.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Го рече ова и се свлече на подот во Соколаната како испразнета вреќа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Велат го возвишиле во некаков важен службеник. Издавал точки за штоф.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оној, што ви ги пее на приредбите партизанските песни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Мене ќе ме обесите“, му викна тој на претседателот на судот Груица, „ама оној, главниот, ќе остане и по мене за да ви ги мати работите. Нема да куртулите од него“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од тие причини Маргина реши да ви ги претстави со еден мал исечок од емисијата емитувана на 3.12.94., во која гости беа една одлепено стереотипна личност по има Трифолио (чест гостин, инаку) и господинот Оникс, попознат како др.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Изградете си и вие храм, светилиште, олтар, во кое ќе се молите за божествена светлина во вашите погледи кои ќе ви ги поврзат душите со оние кои ги сакате под златната месечина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Животов има смисла кога после голема трагедија ќе го дочекам изгрејсонцето, а зад небесниот хоризонт спонтано ќе се појави надежта и без процедурални забелешки после ужасно лоша ноќ може да започне нов ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не е лесно да ги предадете своите чувства, кога после сета таа болка која ви ги парализирa сетилата не чувствувате ништо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Дали имате постигнато хармонија во животот, дали се обидувате да балансирате со работите кои ви ги сервира секојдневието?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Кое е највредното наследство кое би им го оставиле на вашите најблиски?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Телото ќе го исчистите со нагонот на повраќање, секогаш кога пред очи ќе ви се појават слики и кога искри ќе ви ги потресат нервите во мозокот, ќе ви се згрутчува крвта во тромб од помислата дека сте живееле во лага, дека сонот бил лажен, дека сѐ било само илузија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
— Да ви ги претставам другарите, вели, и покажува со раката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Добро де, на вистинско место сте, еве ви ги моите деца. - Вашите деца се мечиња.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Од нивното опширно писмо ќе ви ги посочам овие проблеми: Прво - градска депонија немаат - па насекаде никнуваат диви депонии.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Ај со среќа, здравје, вечни, целокупни бериќетни“ - благословуваше баба Мирјана - „така научив од свекрва ми, па овие убави благосилки и вам ви ги кажувам да ги запаметите и да ги пренесете на вашите деца и внуци.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Мислам, би требало некои делови да ви ги прочитам: - Во нашиот град ниту загрижените еколози, ниту посебно ангажираните работници на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ не можат да ги отстранат и исчистат ѓубриштето и дивите депонии што никнуваат насекаде низ градот, во неговата околина и покрај јавните патишта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А јас посакав тополите да ви ги покажам така како да се на сите - наши.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ви го праќаме овој писмен состав, а со цел да ви ги дополни знаењата за нашиот град.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Со бескрајна почит и чувства на приврзаност Ваш Луан Старова XXIII Имаше голема, бескрајна душа Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, многупати, настаните кои ви ги раскажува самиот живот, се случуваат без ваша волја, најчесто определувани од богот на случајноста.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не би сакала да ви ги наложам своите ставови, се разбира, моите бројни размисли и впечатоци, поттикната од читањето на книgите, навраќајќи се на предметот на моето писмо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За да се осветли добро ова прашање, би требало, без сомнение, да се биде историчар на религиите или антрополоg или двата во исто време се разбира јас тоа не сум, но само ви ги пренесувам мислите кои неодредено ми минуваат низ глава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И така, целосно си се оправдав да не се противставам на одбивноста што ја чувствувам за да ви ги изразам во неколку крајно редуктивни реченици сите мисли и впечатоци, инспирирана од вашите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дали е можно да се биде поцивилизиран отколку што е неговиот татко, јас не верувам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еден друг ден ми дојде идејата да побарам од сестра ми да ми даде два примерока од нејзината објавена докторска дисертација за да ви ги испратам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сигурно ќе ви биде забавно ако ви ги раскажам вистинските причини за моето пишување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И бидејќи не правите никаква алузија на вашата сопруга, која се забележува краткотрајно за време на вашето враќање од Албанија во романот Атеистички музеј, а и во вашето последно писмо, си поставувам прашања за неа што не би се осмелила никогаш директно да ви ги поставам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас не знам, почитувана Лејбовиц, дали некогаш ќе ги прочита овие редови, кои ви ги пишувам за Шапоно почитуваниот главен уредник на Фајар, но верувајте дека ќе продолжам со пишувањето на мојата балканска сага додека ми трае животот, верувајќи во нејзината поврзувачка моќ, особено како од читатели како вас.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Денес нема да ви ги покажам знаменитостите обележани на нив.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сакам да ви ги истргам ушите кога гледам како невнимателно ја претрчувате улицата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Јас, кажувајќи ви ги двете вистински случки со корите од банана, сакав пред сè да ја осудам нашата негрижа, нашиот примитивен однос кон мојата и твојата улица, кон мојот и твојот град, кон нашата средина.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Затоа треба сите радувања и сите тагувања што ви ги носи првото ученичко вљубување, да ги сфатите како нешто нормално и потребно.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Потсетете се некогаш на ова мое кажување, на неколкуте случки што ви ги раскажав, можеби тоа ќе ви помогне да одбегнете некоја невола.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
*** Ете, добри мои, ви раскажав три грди случки од моето детство. А зошто ви ги раскажав?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А вашите желби, во поголем дел треба да ви ги исполнат родителите.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А вие, добри мои, дали размислувате, да ве прашам, кога фрлате некое од оние убави лепчиња што ви ги даваат в школо, колку труд, колку средства, колку надежи се вложени во него: првин да се посее, па да расне, да созрее, да се ожнее, да се оврши, да се сомеле, да се меси, да се испече и да ви се донесе вам!? А вие го фрлате!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А се случува и тоа родителот да нема пари за нешто многу важно да купи, да плати, а вие ако му побарате ќе ви ги даде, и на заем ќе земе, дете сте му, а вие ќе ги потрошите не водејќи сметка дека тие се попотребни за нешто друго, одошто за вашето одење в кино, одење во слаткарница, купување на некаква модерна кошула, маица и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ви ги враќам готовите производи. Го барам алатот назад!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Да ви ги покажам надворешните фасади.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кој ви дал право да ме застапувате? Ви ги одземам акредитивите. Од денес се застапувам сам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Треба некој да ве фати за коса, да ви ги искрши коските, да ви ги отвори ушите, очите и носот, да ве смеша, да ве измеле, да ве изгмечи и повторно да ве состави како ново човечко суштество.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Можеби сега сестра ми ги има некаде зафрлено, ама ако не верувате, ќе ви ги покажам чизмите и коланот што потоа мајка ми си ги направи од кожата на алигаторот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Забележал некој дека сте заминале и, нормално, ви ги украл. Убава работа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никогаш нема да ти купам друг, да знаеш – ѝ свика на Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ајде кажи, како беше? Се оладив од изненадување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Бреза – праша чичко Лазо – како можеа да ви ги украдат велосипедите?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)