ви (зам.) - раскаже (гл.)

Па ви реков дека не можам да ви раскажам онака веродостојно, ако цврсто, вистински и со целото срце не ми поверувате во она што ќе ви го кажам.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сестра ми и јас се мрштевме, а тој ќе се насмееше и ќе речеше - Вангел одамна не ви раскажал за бонбончето?!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но, затоа беше на свадбата на сестра ми Татјана Кривошеева весел и расположен.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Што е било? - как е било, нек сега забравим, или ја вам сја обреква, милички ми сестри, в другиј пат вам зарад него ја да ви раскажа.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Инаку би ви раскажал како гориме од желба да ве ликвидираме, вас гангстерите, но не за да ја провериме својата сила туку за да ја загубиме.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Така и сега, наместо за чудесни пролетни трепети, треба да ви раскажам за едно старо, никакво палто. За палтото на мојот пријател Павле. Прозаична, здодевна работа!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Барем да беше Павле некаков таков што обрнува внимание со облеката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ќе ни кажеш ли како ја отепа? - запраша Бојко. - Седете, ќе ви раскажам, - рече чичо Никола.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
3. Времето сега е дојдено, да ви раскажам уште нешто, о бедни, што доаѓате.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше изминала скоро една недела и јас заборавив за тоа, кога Вера, една вечер, покривајќи не по обичајот пред спиење ни рече: - Сакам вечерва да ви раскажам една вистинска приказна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Треба да бидете среќна што вашата пријателка полудела во Виена.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Нема потреба да ви раскажувам – гледате и самата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе ви кажам што знам за неа, а ќе ви раскажам што ми се случи со неа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Оставете го. Тој сега ќе трча до пеколот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дојдете, ќе ви раскажам како се сожалив.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ќе ви раскажам каде бев и што видов: - Скитав натаму, скитав наваму, кревав прав и насекаде правев лошо.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ќе ви раскажам една случка, а пак вие пресудете сами: - ДАЛИ ГО САКА ИЛИ НЕ.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Што ќе речете ако Ви раскажам дека синоќа додека Вие овде... шушукавте со Ивана за неговото бегање во Америка, моите луѓе долу во потонот за малку што не го заклаа вашиот маж затоа што, целата ноќ, по оној дожд, се движел околу куќава за да не Ве остави сама?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А тие што имале искуства со пријавите во полиција или во институциите на системиштево што функционира исто како да не постои можат да ви раскажат колку е поголема фрактурата на ребрата која не е видлива и поради која само не можеш да дишеш, тие, одговорните за заштита од насилство во врски, кои имаат положено и посебен испит за одржување на семејството по секоја цена, толку поспремно ќе те дочекаат со зборовите: „Ајде невесто, оди си дома, не си ти ни прва, ни последна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Ќе Ви раскажам со неколку збора; но, пред да почнам, дозволете да Ве предупредам дека се работи за случај што бара најголема тајност, и дека сосема веројатно би ја загубил работата кога би се дознало оти сум се доверил некому.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Моето трето око е осветлено и се чувствувам убаво, бескрајно среќен, како да сум на Екстази, се чувствувам толку среќен што тоа морам да го поделам со вас, сакам да ви кажам сѐ, сакам да знаете сѐ за мене.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сакам да ви раскажам сѐ за секого што сум сакал во животот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Сакам да ви раскажам за геограпхија“, не чека да го молат третиот раскажувач; во мракот не е ни повисок ни позначаен од другите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Поодамна сакав да ви раскажам за другарката Оливера Срезоска, нашиот помошник-управител на домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тука ми го натоварија, точно тоа сакав и да ви раскажам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сигурно сестра Ви Ви раскажала со што ние тука се занимаваме“ рече Томаица откривајќи ја својата преубава широка насмевка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Јас го крепев Мане, со мене тој направи кариера, стана човек.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
3. Воловите Џуно и Бико Е, и нешто друго баба да ви раскаже.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
2. Како баба ми Ристена ги надитри Турците Ќе ви раскажам уште нешто од времето кога Турците беа тука, ние не ги сакавме, тие беа поробувачи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Навистина, откако се зедовме со дедо ти, всушност многу време потоа, никаде не го пуштав сам да оди, а и за тоа ќе ви раскажам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
4. Средба со мечка Деца, јас сум била од многу убаво семејство, започнуваше да кажува баба Ристена, затоа сакам да ви раскажам нешто за мојата мајка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Слугава по кого го праќам писмово е еден од спасените наши луѓе во последниот нивен злостор и тој може да ви раскаже потенко за оваа работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ЕЛЕОНОРА ШНАП: (кон Николадзе) О, штом вие ништо не знаете, јас ќе ви раскажам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
– Еден ден морам сè да ви раскажам, и тебе и на децата, за овие мои „големи врски”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа тоа убаво го почувствува и продолжи: – Еве, сега, сѐ ќе ви раскажам, по ред!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ама, чекајте, ќе ви раскажам сè по ред!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ниту Татко, – додаде другиот брат. – За ова што ќе ви раскажам, ни Татко ви не знае.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Ќе ви раскажам, сѐ ќе ви раскажам, само по ред - продолжи татковиот побратим.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Знаете, јас ќе ви раскажам сè што знам – реков – спремен сум дури и своите сомненија да ви ги презентирам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што ме поттикна да ви ја изречам оваа понуда?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека зборува, од неговото лице незадоволството исчезнува, се појавува насладата од постигнатата цел: „Дојди вечерва во театаров - ќе се потрудам да ви раскажам кој бев и кој сум всушност!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Ќе дојдам... и ќе ви раскажам како беше...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Страсната потреба од совршенство ме претвори во илузионист.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако некој реши да ви раскаже тогаш напишете, напишете за луѓето кои не се плашат од слободата, зошто малку искрени приказни се вредни за раскажување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Лицето ѝ се вцрвило од игра и сонце: „Утре ќе ви раскажам колку убаво си поминав.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ако сакате - ќе ви раскажам...“ „Супер!“ извика Ивана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Да ви кажам, а другпат ќе ви донесам фотографии и ќе ви раскажам“, рече Жарко, „дедо ми, како студент работел на изградба на мавровската брана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И бидејќи сум и во орекстарот, и во еколошкото, ќе бидам на двете места, па за сè ќе ви раскажам.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„За се ќе ви раскаже Адем.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ете, Влатко е во оркестарот па ќе ви раскаже. Кажи, Влатко?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Што се однесува до Истанбул, ќе ви раскажам нешто.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На крајот, кога сме на темата на враќањето на козите во Македонија, сакам да ви раскажам и за еден вистински настан, далеку од секаква литературна имагинација, од последната година на мојата дипломатска мисија во Париз, поврзан со незавршеното козјо прашање!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе ви раскажам, во врска со ритуалното милосрдие еден настан од раното детство, што на одреден начин се има одразено во мојот однос кон религијата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Преводот на моите книги на француски јазик беше пренесување во еден друг свет, кој беше оддалечен со векови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во една друга пригода ќе ви раскажам за тоа, но најсилен впечаток ми направи враќањето од Поградец кон границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но на крајот, јас морам да ви раскажам уште еден настан поврзан со Патрик Крисман и неговата мисија на Балканот. 1997 година не беше критична само за Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе ви раскажам како на Охридското Езеро со Едгар Морен ја споделивме заедничката татковина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но јас морам да ви раскажам уште едно минување на оваа граница помеѓу она во пролетта на 1979 година и сегашното во почетокот на 2001 г. преку фрагментот од моите записи од границата: Има една долга гранична линија помеѓу Албанија и Македонија, граница со долга и незавршена историја, граница која го обележа животот на моето бегалско смејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И длабоката изгубеност во која Толстој ќе се најде траеше долго време, дури и кога беше женет и татко на семејството за што тој раскажува неколку страници подолу: Јас морав да ги кријам врвците за да не се обесам кога минував помеѓу креденците во мојата соба каде што ќе се најдев секоја вечер соблекувајќи се, и престанував да одам на лов со мојата рушка за да не се обидам на најлесен начин да се ослободам од овој живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие сте можеби првиот што тоа сте го кажале, но јас ќе ви раскажам нешто.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во врска со тоа ќе ви раскажам еден необичен настан, кој ме врати во времето на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ми остана малку време да ви раскажувам за моето последно минување на границата, на пат за Тирана, на средба со амбасадорот Патрик Крисман, да ги гледаме новите, преведени француски страници на балканската сага, во кое има и едно поглавје за границата... манастирот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На асфалтниот пат имаше неколку железни ознаки, на некогашните челични столбови на балканскиот ѕид.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
ДА ВИ РАСКАЖАМ, добри мои, како јас почнав да читам.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ќе ви раскажам една вистинска случка која, мислам, на убав начин ќе ја поткрепи и објасни оваа поговорка.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ете, јас ви раскажав две случки од моето детство.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А сега, добри мои, ќе ви раскажам две случки па ќе ви биде јасно зошто на почетокот на овој наш разговор ве предупредувам да гледате како и врз што газите!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
*** Ете, добри мои, ви раскажав три грди случки од моето детство. А зошто ви ги раскажав?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А во огледалото, што да ви раскажувам, што сѐ се гледа! Ужас еден! Сѐ од лошо -полошо!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Најмногу ме нервира мојата коса.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)