И тогаш без лелек и солзи оставила деверите да ја одведат до вдлабнатината во ѕидот на кулата: чунки и самата знаела дека мора да умре, барем можела да се воздржи да не плаче.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Еден султан, според сиџилите, испратил ферман до битолските кадии, против раширеното муфте меѓу кадиите во којшто пишувало: Ви пратив ферман да не се зема ништо почнувајќи од акче (сребрена пара) до кози, овци и сѐ друго од рајата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Да влезам како питач со тажен израз и подадена рака - молам пари и љубов; кога ќе станам економ на едно планинско градилиште ќе ви пратам света планинска водичка и чесно ќе се оддолжам.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ама вие пак земате муфте. Заслужувате да ве нема!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
ФРОСА: (на Мара). Кума, сега Анѓеле ќе ви прати пари, гледајте да заушите некој домаќин за Кате, да ја омажите. Да го одберете тоа гајле.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Браќа, ги почитував венчалниот прстен и свештеничкиот благослов, не дозволувајте да умрам, туку поарно јавете му на татко ми кој живее в планина како старешина на племето, па тој ќе ви прати илјада слугинки да ги жртвувате.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Дали луѓето ви праќаат предлози за начини на употреба на ВР, за кои не сте ни сонувале?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)