Христијани сте и Славјани па ако ни сторите зло на мене и нејзе, господ нека ви плати.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А некогаш навечер кога ние излегуваме ќе треба да бидете со Патрик, но се разбира за тоа благовремено ќе ве известиме и ќе ви платиме екстра... зборуваше брзо и певливо Госпоѓа Изабел.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Утредента прочитавме прекрасна критика во новините од шер Боно. (...) Бил Грејем сѐ уште нѐ тераше да дојдеме во Сан Франциско кон крајот на месецот - дури дојде и во Л.А. да не убеди.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
„Не можам премногу да ви платам, но верувам во истите прекрасни работи што вие ги правите”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Пандета го утепаа, а Алексо ранет лежи, на фашисти гордо вели: „Убите ме, в кучина, другарите ќе ви платат!
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
- А - им рекол старецот - дајте ми еден срп, јас да ви го качам!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Немојте така, братја, ами земите по една лопата, та изринете 'и на куп; седне земите врешча, та наполнете 'и!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Од бога нашле, мори жени, господ ви платил! - извикал свекорот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
„...Кога вие“, продолжи Брчалото, „како што мене ми сечи умот по американцки, ќе ја направите Тумбица како што ви велам јас, врвот да ѝ биде кат оф и рамен како гумно, тогаш јас ќе ви платам на секого по еден долар и можеби уште некоја цента овер, он топ како што велиме ние.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
После првата изведба на моето дело за дванаесет радио-апарати, Виргил Томсон рече: „Не можете да создавате такви работи и да очекувате луѓето да ви платат за тоа“. Одвојување.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)