ви (зам.) - објасни (гл.)

- Дозволете, соседке, јас да ви објаснам што е зима, - важно рече врабецот Џивџик и се наведна преку ќерамидата да го видат ластовиците, а и тој да ги гледа нив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ова е малку почивка, колку да ви објаснам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Јас и започнав од самиот епицентар, но вие баравте да ви објаснам што е Црна Гора - се бунам јас.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Полицаецот: Како да ви објаснам...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Наместо тоа, го снимивте Ребека.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Реков: „Да ви објаснам. Кога на лицето има премногу непотребни изрази, тогаш тоа лице наликува на истуткано парче хартија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- На што мисли кога го вели тоа? Ви објаснила?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- За турбо-фолк музиката, онаа новокомпонираната македонска што ја обожава Саше, за неа вели дека е кич, па така и за нас, бидејќи сме ја слушале.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам како да ви објаснам дека ова е 100% вистина.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Беше извадил некакви крпи од долапот, ги истресе кај вратата а потоа ги однесе до главата на Таша, во нишата во која се наоѓаше отворениот прозорец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не знам дали би можел да ви објаснам. Многу нешта ме привлекуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како прво, Грамофонот Омега имаше вградена телевизиска камера која ја скенираше секоја плоча пред да се обиде да ја отсвири.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Најпрвин треба да ви објаснам дека тој има посебна слабост за секакви технички дрангулии, и во тоа време беше луд по грамофони.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Само што си го беше купил својот прв грамофон и таков наивен каков што си го дал господ, сè му поверувал на продавачот - посебно, дека грамофонот можел да го репродуцира секој звук, Хај-Фај, демек. 114 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сега ќе ви објаснам сè, а тоа ќе ни заштеди малку време.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И само едно не ќе можам да ви објаснам - врискаше ли Жаклин зашто ја дознав нејзината беда или зашто ја стискав околку врат, тој врат, господа, нежен и бел како морска пена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како го направи месото? - Ќе ви објаснам после.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сепак, Кристина срамежливо се насмевна кога се поздравивме покажувајќи ми го голото непце каде што ѝ паднал еден заб.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Слушајте добро, стручно да ви објаснам: поставуваме перфорирани цефки што овозможуваат почвата слободно да дише, односно, да се изврши отплинување на сметот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Чекајте да ви објаснам... ги успокојуваше лекарот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ќе се разбуди и сѐ ќе ви објасни.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Е, плукам јас на тоа! За тоа ќе го причекаме Кудејаров, вчера го донесоа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Веднаш ќе ви објаснам за што станува збор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)