ви (зам.) - изгледа (гл.)

Духот (ма колку вам тоа ви изгледало демагошки штос и збор од ступиден ТВ прилог за Културата) е она што ја одржува било која форма на заедница.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Знам дека може да ви изгледа чудно - реков - но при сегашнава раздалеченост од сите тие разговори можам да тврдам дека средбите со замислените татковци не се остворуваа само во тие случаи кога не ќе го совладавма пределот на она магливо заскитано време што секогаш талкаше помеѓу мене и нив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога бевте малечок, дали Ви изгледаше важно да се биде писател? Ни најмалку! Тоа ми изгледаше смешно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Знам дека моите објаснувања не нудат многу.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Дали кон се во животот гледате со реален оптимизам?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не личам а и не ви изгледам чесен со овој белег. Вие мислите тоа е амблем на некој мрачен спомен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Што мислите вие, господине Андреевиќ? Се разбира, вие сте тука роден и тоа поинаку ви изгледа.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- „Ако во овој свет се ви изгледа погрешно, дали сте се обиделе да му дадете вредност на животот?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)