Токо, ќе ви дојде умот и вам, ама ќе појде кумот!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сега, тој им зборуваше на сиџилите: Спокојно, спокојно, на сите ќе ви дојде редот...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Бугарската полиција ја намириса работилницата. Не е чудо да ви дојде на гости. Гледајте ведрете ја 48) што можете побргу!“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Бре, бре! Ама се ѓаволи овие Македонци! - рече командирот на бугарската полиција.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Или можеби сакате да ви дојде Милошевиќ!? - вели сосетката со страшен глас, внесувајќи ми се во лицето.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ако не зборувате така, како што ви велиме, тогаш секојa ноќ ќе сонувате само соништа во кои во густи шуми ќе ве бркаат волци, од матни води ќе излегуваат змејови и со пламени јазици ќе ве горат... и добрите ангели нема да ви дојдат на помош...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Стариот Стојмен само промрморе: „Нека, нека и на вас ќе ви дојде крајот. Еден ден и вас сувава солза и клетва ќе ве стаса!“
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ц ц ц, значи никако да ви дојде умот“, строго но сепак татковски ги опоменуваше.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
АНЃЕЛЕ: Да си жива и здрава, стрино. Вам Димче да ви дојде со здравје.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ДЕПА: А, така! Ај, да сте живи. Вас да ви дојде со здравје татко ви.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Веднаш во кревет, двете, оти ако ви дојдам!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Не туку врескај, од ум ме извади – свика баба Менка, баба ѝ на мајка ми, мојата прабаба што таа ја обожава и често ми раскажува за неа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Реков: „за љубов да не зборувате“! Тоа гајле ќе ви дојде на главите.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Но и вака времето ви дојде до ак. Сега треба да се преживее.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
АНДРЕЈА: И сте пораснале и не ви дошол умот в глава. (Влегува Стево.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Една вечер паднале на муабет богатио со жената си за кокошката.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Ти како што ми заповеда, честити царе, да си земам што ми е најмило и да си одам дома и јас од тебе помило друго немам и тебе те зедов.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Е да, не ти велел да се носите на рамо, бре татко, туку ти велел да чините лакрдии за полесно да ви дојдит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Добар ден, - вели тој. – Ви дојдов на гости. Ќе ме почестите ли со колачиња?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Го влече Буза за рака низ селото и штом ќе сретне некого, ќе го гризне зајадливо: - Вам ви дојде редот. Доста беше со мене...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
„Ви дошле на училиште?“ „Не, не на училиште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Значајното лице, се чини, не забележало дека Акакиј Акакиевич веќе навлегол во педесеттите години.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Од каде ви дојдоа ваквите мисли?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)