ви (зам.) - донесе (гл.)

Деца! — се обрна кон двете свои деца, Мечето и Бучето, и им викна: — Гледате? Стрико ви Стеван ви донесол биено сиренце, да му се живи дечињата и стоката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Геврек или рогушки, што чекате татко ви да ви донесе? - се шегуваше со нас Петре Даскалот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Филџан бело вино ќе ви се најде, кантарија имате, а маслиново масло ќе ви донесам следниот пат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- За буна и за бој што ќе ви донесат слобода, - им објаснив.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Морав да сторам нешто повеќе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можеби е подобро ние двајцата со вас некаде... (Зошто се враќа Љуба.) ЉУБА: Сега ќе ви донесат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако играте бејзбол, секој трет погодок ќе ви донесе хоум-ран.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И на третиот ден си тргнав назад дома и за вас зедов манџи и слатки едночудо да ви донесам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И на третиот ден си тргнав назад дома и за вас зедов манџи и слатки едночудо да ви донесам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Простете ми, ништо не ви донесов. (Вади ќесе со пари) Боге да си купи среќа. (Се насмевнува) Преогрнете се. (Пауза) Прегрнете се. (Михајло и Евто се прегрнуваат.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Арно ама, овде, паред прагот, ме подбраа бесни кучиња, држ не давај, се ми истурија во јазот, во калта. Простете ми, ништо не ви донесов.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Арно ама, овде, пред прагот, ме подбраа бесни кучиња, држ не давај, сѐ ми истурија во јазот, во калта. Простете ми, ништо не ви донесов (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Вашата лекарска професија ви донесе одреден број откритија и искуства кои ги внесовте во своите книги. О да, о да, работев како лекар 35 години, тоа секако има некаква врска.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Навистина, што го влечело кон тоа место на кое пред зајдисонце наслушнувачки го фаќал во лет разговорот на возбудливата жена и на возбудениот Арсо Арнаутче, - „Те видов мртов денес кога ви донесов ракија во манастирскиот двор“.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Те видов мртов денес, кога ви донесов ракија во манастирскиот двор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто сум овде, се прашувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сакаш да кажеш дека си ме сонувала мртов. - Не, не сум те сонувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
– Mope, ако е за вода, ефенди, седнете, седнете, ене ја Попова Чешма, ладна е како мраз; ќе ви донесам една стомна, напијте се – одговори старецот и погледна со очите кон ниското куќаре, небаре бара стомна, да ги ислужи ефендиите, но војникот што зборуваше по каурски не дочека забитот да проговори, ниту му го преведе на турски одговорот и предлогот од старецот, ами сам му одговори: – Ефендијата сака вода од Бренското Чешмиче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ехе! – се насмеа белиот патник пред ококорените неизмиени сиромаси – иако не верувам дека сум токму тој што си го замислувате, ќе се обидам да ви донесам троа радост и среќа, особено на вашиве дечиња!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Еве, повелете (и подава на г- ѓата Желка мал завиткан пакет).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Леле колку сум глупав! За малку ќе заборавев. Ви донесов мал подарок.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Сега ќе ви донесам еден таков – рече и по неколку минути довлечка старче.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Да ви кажам, а другпат ќе ви донесам фотографии и ќе ви раскажам“, рече Жарко, „дедо ми, како студент работел на изградба на мавровската брана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ако се употреби погрешно, нема да ви донесе среќа!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Хернандо кимна со главата. „Ќе ви донесам вода.“ „Побрзајте, ве молам!“ викна една од девојките.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)