Затоа ви велам: смислата, вистината на сѐ е во нешто што не е ниту живеење ниту смрт. Тоа нешто е оргазмот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Ребека, утрово ми кажаа, исто не спиела, има пролив. Беше тоа шумно маало полно со живот во кое, ви велам, секој сè знаеше.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А вдовицата и двата сина останаа да се мачат низ животот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Јас вам ништо не ви велам. - Идиот, ти си формален идиот!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Коле се јадеше и сите нѐ обвинуваше: - Ви велев ли јас да го чукнеме уште еднаш, а вие викавте: „Доста му е. Готово е.“ Гледате ли: ништо не му станало. Молчевме со наведнати глави.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Ви велам јас да го убиеме совреме ова копиле!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
„...Кога вие“, продолжи Брчалото, „како што мене ми сечи умот по американцки, ќе ја направите Тумбица како што ви велам јас, врвот да ѝ биде кат оф и рамен како гумно, тогаш јас ќе ви платам на секого по еден долар и можеби уште некоја цента овер, он топ како што велиме ние.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Абре, ви велам, друг ербап како него мајка не ќе роди. Ниту партија ниту комитет без него може да има.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Текстот што во рака го држеше Филозофот гласеше пак вака: Јас, царот Дариј ви велам: Чашо моја, чашо моја, пророкувај додека има ѕвезди.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тие се исклучени заради политика и јас ви велам не е точно.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Слушајте што ви велам, одговори тој некако срдито и ја пикна раката во вратничето на кафезот, бркајќи и алајќи меѓу мноштвото петли.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Многумина од вас тогаш ме прашуваа, трудејќи се во моите зборови и во срцата свои да ги најдат одговорите што дотогаш сами не можеле да ги пронајдат: ’Павле, каков е нашиот пат?‘ Тогаш ви велев да не го барате одговорот надвор од себе, туку единствено во срцата свои, со молитва и со чист живот, та тој самиот, со волјата Негова, ќе ви се покаже.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И ви велам: блажени се оние што ќе научат како да живеат со сознанието за неизбежноста на гревот и ќе си ги простат не само минатите, туку и идните гревови, оти само така ќе се подготват за воскресението.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И уште ви велам: блажени се оние што се освестиле, оти најголеми пранги се прангите на стравот и на малодушието во кои самите сте се оковале, а најголемо ропство за човека е слабоста на неговата волја“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Затоа сега ви велам: блажени се оние што се борат против ропството и ги кршат прангите со кои ги оковале, оти неприродно е човечкото тело или ум да бидат заробени во темнината на овој свет.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Да се откажеме ли од телата свои?‘ Тогаш ви велев да живеете без грев, оти најдобро е човек да не зема жена, та да живее само духовно, како мене.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тогаш ви велев дека секоја жена мора да му угодува на мажот свој и да му биде послушна, оти тој е Божјо чедо, и како што тој е послушен кон Бога и неговите заповеди, така и жената треба да биде послушна кон својот маж и неговите заповеди.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Зашто Господ вели: ’Одмаздувањето е Моја работа, јас ќе возвратам!‘ И уште ви велев: ’Ако твојот непријател е гладен, нахрани го, ако е жеден, дај му да пие...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Затоа ви велам: човекот живее со своите гревови од минатото и секојдневно прави нови, грешејќи им помалку на туѓинците, а повеќе на браќата и на сестрите свои, на оние што најмногу ги љуби.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И отец Панделиј; кревајќи прст како да покажува на невидлив сведок, рекол дека само тоа е вистината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ама тој буцкач и валиица еден ден ќе разбули. Почекајте, ви велам, пич е. Прашања, извици, споулавеност. Плач на смеата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Лаже, викнал помодрувајќи до самата коса Гавруш Пребонд. - Лаже, ви велам. Од каква книга научил дека Фиданка, онака млада и врела, ќе се омажела за Доце Срменков?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Куно, до полноќ за тебе, од полноќ за мене. - Како да не. Арсо ќе донесе, Арсо ќе се мези.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За да станам рано не заспав цела ноќ, мошне креативно беше тоа бдеење, ви велам!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Кажете ми, овие имиња ви велат нешто? - прашуваше тој со слатка насмевка и прегрнувајќи го Миша за рамениците. - Да.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А јас бев во Москва и таму на Кузњецки мост, тоа се јасно хулигани, за големи пари се продаваат книги на Шопенхауер и Ниче.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тогаш само ви велев, вели, а сега и гледате.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ви велев јас дека смрдеата ќе ја истера болеста вели Доксим Тренчески и пие ракија на прагот од меаната.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сум чул, вели, дека таму не смееш и накриво да го погледнеш кучето. Богами, ви велам, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ви велев јас, вели Лазор Ночески, ви велев дека патот им е за бегање.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе се извлечеш од под нив ако можеш да се исправиш и под планина.. Ви велам, тежина. Дерман на оној свет.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Убиј си ја главата кога немаш никаков талент, пријателе - како да ви вели неговиот далечен поглед.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ех, мили деца! Ви велам, што беше тоа една касапница- ...
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Добро тоа, но ние пак не се даваме, ви велам, целата таа пролет како ѕвериња, нè ловеа одреди добротвори од црвениот крст, одреди воспитувачи и секакви ловци.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ако продолжат вака, јасно ви велам, Арапите ќе ја загубат Палестина... како што некогаш ја загубија Андалузија...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Арафат заминал, Бургиба свртувајќи се кон својот министер Бен Сајах, кој го следел разговорот, загрижено му рекол: Каква несреќа! Па тој ништо не разбра.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Ќе успееме, луѓе, ви велам, ќе успееме!“ запеа тој скоро убедено.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тогаш со нажалена душа Христос им рекол: - Вистина ви велам, еден од вас ќе ме предаде.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Во ноќ каква што е оваа Во ноќ каква што е овдешнава Денешнава ноќ ви велам е посебна по сенката што зад себе ја остава простава моја силуета На мост што дава перспектива погрешна Мојата кауза денеска е света!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Слепата Донка ги пушташе рацете кон луѓето и викаше: - Ви велев ли: несреќите имаат свои патишта...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
5.2 Јас не знам да војувам. Јас болувам и самувам И плачам за вас ближни мои И ви велам И си велам: Доаѓа часот да се прочита бескрајноста На морето Да се состават букви од скршените линии На хоризонтот, Да се седне на островот и да се самува Под осамено дрво Што говори со древен јазик.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
ТЕТИН ПОЛ: Денес, ви велам, сосем неочекувано за мене, јас одеднаш видов, дека едно лице излезе од ресторанот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
И насапунетата садомијачка рака да ја прогласуваат За среќна рака на судбината која барем не е здодевна Ви велам секакви доаѓаат да ме видат да ми го погалат сонот Доаѓаат и в недела отшто е отворено Доаѓаат и такви кои говорат дека сум била дембелка Како некои шеесетиосмаши што ги запоседнале фотелјите на власта Јас и ден денес не знам и не ме интересира кои се тие шеесетиосмаши Ама искрено речено се навредив од неумесната споредба Кои се пак тие да велат дека сум дембелка И уште да ме споредуваат со некакви шеесетиосмаши Ако продолжат така само ќе го расрдат коалиното братство И нема да се вратат дома без гребнатини од нашите канџи За спомен и долго сеќавање од коалите дембелки
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
2. Кога ви велам Така ми било пишано И пишано и судено (а од пишаното не се утекнува) Уште во првиот сон Да го видам доаѓањето на доселениците Кои сите до последен беа осудени На активно учество Во создавањето на новиот свет Новиот свет и новата нафака
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Затоа и ви велам дека вашиот избор да му служите на поробувачот нема никаква врска со волјата на Севишниот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Суштината не е играчка за недораснати! Вистина ви велам: суштината е свеченост!“ викаше Виктор.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Ви велам, капетане, нешто не е в ред со прозорците!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Не“, рече Григзби. „Ви велам, да. Некој со чувство за убави нешта.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Ах“, рече човекот од редот. „Еден ден ќе дојде некој со мечта и ќе ја обнови. Ви велам, запомнете ми ги зборовите. Некој со срце.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кога го видоа белобрадестиот патник, тие, Ескимите, голи и боси, како родени од мајка, се накупчија пред санките, а најстариот – со мустачиња и брада од петнаесетина влакна, се исперчи пред сите други: - Ви велев ли катадневно дека еден ден ќе ни дојде небесниот господар, испратен од белото небо?
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
„Треба да завршиме. Искрено ви велам - изненаден сум.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
За мене, испраќањето има, ви велам уште еднаш, симболично значење, како што беше кога ви ја испратив книгата: Животните имаат историја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Всушност, пред извесно време, и тоа заради вас, јас настојував преку медиумите да се запознаам што подобро со издаваштвото и уште еднаш ви велам дека тоа што го откривам во тој свет ме исполнува со констернација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Јас учев германски во гимназија, и оттогаш немав можност да го практикувам овој јазик, а тоа што ми останало од него се неколку поетски фрагменти научени наизуст:
Denn ach! mich trennt das Meer von den Geliebten,
Und an dem Ufer ѕtеhiсh lange Tage
Das Land der Griechen mit der Seele suchend.
Goethe (Iphigenie auf Tauris)
Wir haben lngѕt das Paradies verloren, und neue liegt in uns.
Hermann Hesse
Nach ist es: nur renden lauter alle springenden Brunnen, und auch meine Seele ist ein springender Brunnen.
Nietzsche (Also sprach Zarathustra)
etc., etc.,
Значи, се разбира, овој вид на текстови, не ме прави подготвена за читање написи за ситуацијата во Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И ви велам, додека оџаците чадат и облаците маката есенска си ја леат, соништата над спанковците шарени знамиња веат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Сериозно ви велам за Андреја, господине Андреевиќ.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А јас ви велам дека ова ќе потрае... - Прекина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Повторно ви велам, Клефтис да се држи до крај, бидејќи тој е градите на Грамос или неговата тупаница”.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Да... Таква војна би сакал... И ви велам: мистрија, чекан, шајка и метро никогаш повеќе нема да фатам. Само ќе одморам.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Саботер – ви велам ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Нели ви велев јас: снагата да ви ја имама, умот да ви го немам.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Мило ми е, ви велам, што Билјана сфати дека фалењето не е најубава работа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Вам наставничката, кога не сте внимателни на час, ви вели, ајде деца, концентрирајте се. Така ли ви вели?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ама, ви велам, откако го сретнав Игбал, сè ми изгледа поинаку.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Така – го слушав со подотворена уста, толку многу ме заинтересира тоа што го зборуваше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)