ви (зам.) - бил (гл.)

Мирон Донски продолжи да чита и да врти со главата, како знак на несогласување, па продолжи: - Колега, колега Палигоров, кај ви биле очите?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кај ви бил умот, кога сте можеле и ова да го пропуштите: Негова е заслугата за повлекувањето и за зачувувањето, во Институтот за национална историја, на сиџилите од Битолскиот кадилак, на број 185 (од 1612 до 1912)... И овде, сте претерале.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таков ви бил к'сметот: робје сте се родиле — робје ќе умрете како ние и нашите дедовци, — му одговори тивко татко му со очигледна тага на душата што не може да ја измени судбината на своето потомство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ова досега- среќа ви било, а за тоа што иде сега да не молиме.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не ви биле јасни предностите на тоа, дека на пример од Македонија може да ве испратат во Горење-Велење, или во некоја друга вид-виделија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Кога еднаш ќе го прифатите Windows, сфаќате колку многу ви бил потребен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Својски и отворено да учествуваш во културни практики што изгледа дека изразуваат трансродов субјективитет или кои се обележани како женствени – било затоа што самиот настран сензибилитет се става на женската страна од традиционалната поделба помеѓу кралиците и трејдовите, било едноставно затоа што обожавањето диви или други женски икони би изгледало дека одразува длабоко идентификување со жените од страна на геј-мажите – е општествено и еротски ризична работа за геј-мажите, без разлика колку се горди и колку се прифатиле себеси. ‌Ете ја сцената од филмот на Норман Рене од 1990 г.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, Џон не ви бил верски конзервативец.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па, тогаш, јасно е зошто ниеден геј-маж – барем ниеден геј-маж кого го преобразиле практиката на кампот и неговото радикално гледиште за родот и за општествената хиерархија – не би ви бил посебно желен да се поврзува со мошне феминизираните дејства на традиционалната машка геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Просветената идеологија на постоунволското геј-движење силно нѐ ободрило да ги отфрлиме, одречеме и надминеме таквите омаловажувачки клишеа – да докажеме дека се неточни, самите да станеме речиси нормални и да се издигнеме врз таа основа до еротска заедница на еднакви. ‌Мажественоста претставува не само средишна културна вредност – поврзана со сериозност и со достојност, за разлика од женската тривијалност – туку и клучна еротска вредност за геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од неа зависи сексуалното достоинство на геј-мажите, како и нашата еротска престижност и пожелност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поразговара уште нешто со нив; ги нарече баби што им служат на агите, но и сам знаеше дека инаку не може да биде, па почна да ги сожалува: – Таков ви бил касметот; браќа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Во тој случај“, реков, „пресметките Ви биле погрешни писмото не е во куќата како што претпоставувате.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)