ви (зам.) - биде (гл.)

Сѐ што не е наведено во поканата - можете да го сметате за дел од изненадувачкиот процес. * Доколку изненадувањето наведено погоре, не биде пријатно или не ги задоволува вашите очекувања - парите нема да ви бидат вратени!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Хм, - се насмевна Васе. - Сметав дека ќе ви бидам покорисен ако ми се рацеве одврзани...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Попусто колнеше: „Огин да ве изгори! Трујач да ви биде!“ - и го тргаше од рацето на војниците.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ќе ви бидеме некој ден и друг пак вам гости, кога Толе ни го откажа своето гостопримство...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мораме да се делиме. Олкава олелија не ќе можат селата да кријат и хранат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Информирајте преку сојузничките офицери за врска, на време, за местата каде да ви бидат спуштени овие материјали.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во животот може да прочитате иљадници контролирани наслови кои системот ќе ги наметне, но за да ја разоткриете правата вистина доволни ќе ви бидат само десетина андерграунд книги.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Оние дела кои се занимаваат со критика на капиталистичката демократија нема да може да ги најдете у универзитетските библиотеки, но затоа ако отидете на тезга може да снабдите десетина книги кои ќе ви бидат доволни да ја разоткриете правата вистина и кои вредат повеќе од тоа да сте завршиле 3 факултета.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Можев да ви бидам жена, бидејќи од жени се лишивте дента кога во затворот е оформена бандата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ќе ви бидам благодарен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе ви бидат потребни.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Солта и шеќерот ќе ви бидат како да си заграбил грст песок од риверот селски...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Учител, ако сакате, додека да најдеме некој вистински, ќе ви бидам, бесплатно. Но сега за друго зборуваме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја извади крпата од појасот и откако си ја избриша потта од лицето, на мајките, жените, сестрите и децата на отидените на Црн Камен, кои гласно лелекаа, тивко плачеа, им заповеда: А вие престанете да кобите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од Србите не сте подобри, одговори Крсте, а јас од овој час не сум кмет на Потковицата. Донесете си оттаму, од старите предели некого за да ви биде кмет.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ние мислевме и на вас, драги уметници, од другата страна на границата, делата на Сталин ќе ви бидат добродојдени.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Опишуваното звучи најприродно ако извира од споменот, а вам нема да ви биде тешко да го сфатите суштинското, и покрај изменетиот редослед“. (Се разбира, ги сфаќам противречностите што ги трупам при објаснувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Барем да беа трње што убаво ќе ги сеќаваат чекорите на иследникот кој се труди да ме следи!) Но еве, од некаде почна да надоаѓа светлина и да го разголува сеќавањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А таму јасно и нагласено стои дека минатата вечер изјавив оти ќерката на Ѓурчин ја имам видено повеќепати и дека единствената намера што сум можел да ја имам при тие случајни средби веројатно била желбата да ги откријам сличностите помеѓу нас двајцата: помеѓу неа и мене, се разбира, во колку постои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите врати ќе ви бидат отворени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Памти ми го зборот – лошо племе ќе ве споплати и ќе дојди време нас, Турците, да нѐ молите да ви бидеме пријатели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа што тој не е во состојба да Ви биде сопруг, во онаа смисла во која Вие би сакале...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Ја набљудува Неда. Потоа, великодушно.) Нека Ви биде.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И. Крилов „Мисли на помодниот филозоф“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Најљубезни браќа! - така започнува мојот филозоф, - почитувајќи ја вашата благородна ревност да изгледате паметни пред јавноста, а во исто време, да ја сочувате наследената неукост, јас се нафатив да ви бидам од корист и да го изнесам начинот погоден за денешното воспитување, начин достоен за завист - да изгледаш паметен без ниту капка памет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ако немате повеќе во главите за да го сфатите и она другото, тогаш тоа нека ви биде доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе ви биде малку незгодно кога ќе речете дека мене ме оставивте тука сам, но вие воопшто не грижете се за тоа. Та јас самиот го сакав тоа, човече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повелете бројче, изводот од книгата на умрените ќе ви биде изготвен за три дена “.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По ова вино, вели, прво вино треба да ви биде божјата причесна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ајде, сега деца, вели, простете се со мајка ви, вели, оти ова ќе ви биде последно видување, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дошло момчето кај царот и коа чуло тој збор, му се поклонило до земи и му рекло: - Ви благодарам, честити царе и честити царице, на таа голема чес што ми ја чините вие мене, арно ама јас се гледам за недостоен да ви бидам зет, чунки сум од долен род, да затоа ќе ве молам, ако је возможно, да не биди, за после да не ви е мака.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ако си, момче, ти од долен род, ние ќе те напраиме од голем род, чунки ти работел тебе многу к'сметот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Е, среќно нека ви биде.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сакате да го цицате селото. Тоа да ви биде крава музара, но да не се вратите во него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако не погодите, јас ќе ве земам вас, вашето тело и вашата душа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Изгледаше дека зборовите на добродушниот брат ги зеде како шега. – А за вратка, ако погодам, многу ќе ви бидам благодарен за овие расцутени растенија. – Добро. добро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Патилата тогаш ќе ви бидат попривлечни.“ Се сеќаваше на Никола и на мракот под неговото теме.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вам, на сегашниот степен од развојот како осамени срца, многу нешта можат да ви бидат нејасни, но ќе дојде ден кога ќе го разберете ова што ви го кажувам денеска, кога ќе сфатите дека јас сум била во право. За тоа никогаш не е доцна.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Степите на Азија ќе ви бидат романтичен предел за прошетка.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Сакав да ги надоврзам овие настани на вашите убави и точни мисли за Времето на козите, што верувам дека во исто време ќе ви бидат поучни и забавни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Господине, Старите ѕидини на Скопје не можеле да ви бидат туѓи кога сте пристигнале дома.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можете да викате, да се лутите, да беснеете, можете да крескате, да се буните, да се смеете, можете како гром да трескате, како ѕвонец да ѕуните и чудно да ви биде, и мачно да ви биде на душа - што никој не ве слуша!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Па, јас сум голем, - се смири малку тој, - примете ме и мене во бандата, ќе ви бидам партизански курир.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Спањето ќе ви биде онаму на чардакот. Кокошките сами ќе се тргнат на една страна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)