Другарот Чапаев продолжи: - Претпоставувам, почитуван судија, дека сте свесен за честа што ви се укажува, но и за соочувањето со големата одговорност што ве очекува.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
- Госпоѓо, ќе мора да дојдете во Бечеј за процедуралните работи околу наследството. Ве очекуваме за една недела.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Она што ве очекува оваа ноќ, ќе биде судбоносен испит за вашата храброст.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Откако задоволен од разговорот, уште еднаш погледа во пораката, со благ и срдечен глас ми рече: - Утре во 18 часот ве очекува Претседателот во Картагина за да му ја предадете пораката.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ако успеете во вашата мисија сигурно ќе ве очекуваат подобри денови во нашата дипломатија...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тие таму немаат ни шифра, а ниту големи обврски. Државата многу не есапи на нив...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Ова е настан за сите! Учениците со нетрпение ве очекуваат! “ рече наставничката Магда.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Сè е така како што си беше“, рече баба Мирјана, „си соти така, вас ве очекува...“ и ги прегрна снаата Злата и внуката Мими.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Кога се стишија козарите, градоначалникот со одбрани зборови и смирено му рече на Чанга: – Ве очекувавме порано.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ве очекувавме со денови, но сами, без овие кози. Каде, браќа, со овие кози?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)