ве (зам.) - нема (гл.)

Една поголема грешка и веќе ве нема, и тоа можеби засекогаш, а тогаш, за рајот веќе не станува збор, напротив...! 116 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи ваквото шоу е невозможно да се следи подолго време, поради брзата епидемија на вкочанети вратови, на славната компанија Copertone ѝ текна, па проекциите ги организираше над плажите во Калифорнија, промовирајќи ги своите нови лосиони за сончање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во пазарното стопанство со развиена конкуренција, претпријатијата се приморани што повеќе да ги смалуваат ризиците на работата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Да ве нема одовде! - викна Тасе.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Тогаш да си ги соберете пандурите и да ве нема од нашето село...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Курви развратни! Марш да ве нема, ебем ви матер!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ама вие пак земате муфте. Заслужувате да ве нема!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но отсега натаму да не дозволите ниту субашии, ниту ќаи и кој било друг да земаат муфте.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Другиот тогаш ја престегна пушката под мишка. Рече: - А сега да ве нема.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- А може ли да се знае колку долго ќе ве нема.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Внучиња, едни тагуваа што ве немаат други што ве оставаат и потоа заедно легнаа под мене мракот мој да не го видите.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Но сега, повикувајќи ве да истраете во битките свои и да не потклекнете пред душманите што сакаат да ве нема од земјата ваша, сакам да ви го кажам ова: блажени се оние што го љубат името свое, та со делата свои го воздигнуваат, оти така го слават и Бога што тоа име според волјата своја им го дал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога ќе ве нема крај него, - се обидуваше мајка ѝ да ја теши...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
– Ни вие не сте подобри – стигна да помисли – пред него никаде ве нема, помали сте од прав.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кој е повеќе за Русија, кој е повеќе за Америка? (Пауза) Да ве немаше вас, не знам тоа како ќе се одредуваше, мајката. Немаше да се знае кој е што. Немаше да има хи-фи. Вака има два.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
БОРИС: (Снимка.) „Хумор. Да. Јас сум хумор. А ти што си? Се мавташ по манастири, скрнавиш наши ора. Русинов мисли јас сум болен, а тој треба да си ги лечи бубрезите. Вечер со првиот воз да ве нема...“
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Јас застанав и погледнав зад мене. Ми пријде Доне.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А оној со големата чанта праша: - Сака ли некој доброволно да остане?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Пандо сврте глава и потоа рече: - Тебе ли те викаат? - Мене, - рече Кире.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
За жал, вас на кои партијата им ја даде целата доверба, ќе ве нема. Зошто?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе ја нема Турција, ќе ве нема и вас...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На ваши години живи Германци заробувавме, само слушајте, чесен збор, живи фашисти, запомнете, или ќе бидете луѓе достојни на вашите татковци (нашите татковци веќе ги немаше), - или подобро и вас да ве нема, проклет да бидам и нека нè нема.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Напати во заборавената куќа влегувам на погрешна врата Ме водат вашите гласови о луѓе Одвнатре викате а никаде ве нема Не помага ни тоа дека ги удвојувам очите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Вас, господа, ве нема на мојот список а јас сум немоќен да изигрувам некакво началство и прочее.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со месеци го баравте. А сега, кога ви стигна, никаде ве нема!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)