ве (зам.) - нападне (гл.)

И продолжи: – А од каде од друго место можат да ве нападнат? – Е, од каде!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А ако некој ве напаѓа веднаш мислите дека е во право, се повлекувате и кревате раце. Зошто?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Смалени се издатоците за институционално згрижување на ментално вознемирените личности - луѓето кои, според општото мислење, се неспособни да се грижат за себе без да ги вознемируваат другите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Многумина граѓани се плашат од чудните безкуќници кои можат да бидат агресивни, подготвени да ве нападнат и опљачкаат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
– Нека е на помош света Богородица – благослови калуѓерот и си го затвори тефтерот, па божем некако загрижен за овие добри рисјани што дадоа олку жито за Богородица, запраша: – Е, што мислите да правите ако ве нападнат пак Агарјаните? – и си го кладе тефтерот во торбата со имињата на водачите на бунтот. – Што мислиме, ние рековме, оче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Лавиринтот и понатаму мора да го одржуваме беспрекорно чист. * Запис пронајден во метла ЧЕТИРИ ДАМИ* Седите сами во вашата соба и ве напаѓа огромна желба за играње карти.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Доколку не се занимавате со неа, ќе ве напаѓа таа вас, на сите начини, да наплати со живот или дух, ќе ве загрози на сите начини што ќе му паднат на тој малецок и ограничен ум.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)