— Де, де, де! Сами си го викате и си го довикате!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Малку ли ни беа виа страданиа и маки, ѓупците да ве мачат, шо го зете народот на душа, бре? Ошче ли сакате да не истезаваат?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Па оние грозни Срби да ве силуваат и да ве мачат по логорите, а, тоа ли сакате!? - се разжестува сосетката сѐ повеќе.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој, кој ја има сета моќ, праведно ќе ги казни оние што ве угнетуваат и што ве мачат!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Или, поточно, со приличен напор, што не им е многу својствен на незадомените и слободни талкачи низ животот, успеав да се воздржам да буричкам по мангалот на чувствата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Она што тогаш го изрече мене ми се допадна.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Посебно ми падна в очи онаа негова реченица што ги избриша сите мои сомненија.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Знам што ве мачи”, повтори .
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Тоа е оној мој проблем што на сите ни виси над главите”.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Знам што ве мачи“, ми упадна среде збор Иван, а притоа се чинеше и самиот загрижен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но заборавете ја мислата што ве мачи: јавно изразени чувства или симпатии во дружењето со Басотова не беа изречени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ете, некни поминав покрај едни и ги прашувам: - Што ви е, мили, како сте, што ве боли, што ве мачи, а тие место збор - уште повеке замолкнуваат, повеќе ја стегнуваат црната шамија, пониско наведнуваат глави, пониско спуштаат очи, посилно им стежнуваат срцата...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Пишувајќи ги овие разговори ме крепеше надежта дека во нив некогаш, во некои животни ситуации, ќе најдете одговори на некои прашања што ве мачат, ќе најдете олеснување од некоја тегоба.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)