Шо ќе ода да ме лаже и да ве лаже Шпиро Манџик, Гого, бабата Бисера и некој друг, оти па да не си го чујме ние од нашите усти шо ќе го пренесуат тиа лажачи сводниците? — почна Крчо да ги убедува двете жени, откако сети дека и двете заедно се послаби од него во умот и може да га надвлада.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Немој бре Толе, не пусти го селото, бре брату! Не гледаш ли колкава сила нѐ налегнала па и ти сакаш да не дозапустиш! — молеа селските луѓе, но востаниците беа гладни и истоштени, а Толе им вети дека ќе најде леб оттаде река.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ајде, обувајте се, и да не ве лаже ѓаволот да бегате нешчо, оти дури тогаш ќе го омрсите вртомчето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море кој ни а дава нам таа слобода, бре Толе, шо ве лаже умот!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Нека ви го берат греот тиа шо ве подлагаа и шо ќе ве лажат и натака! — се збогува Толе со својата „престолница" — Градешница — и со своите „поданици" мариовци, та тргна со четата на север, за да ја поварди главата уште некој и друг ден.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да не ве лаже умот да чините абер во Маково оти змија лута ќе ве клукне!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ама чекај попе, не вјасај. Ете баш тука е работата, шо нема да а бараме да ни a дадат агите слободата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се разбира, даскалот Димо не можеше да го преболи срамот што му го нанесе Толе пред селаните, та испрати човек во Бешишта и му соопшти на бимбашијата дека Толе е одавде река.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Вие што сега молите, вие судевте и казнувате.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ако барате да ви судам, ќе ве осудам, ако барате да ви простам ќе ве казнам, ако барате да ми верувате ќе ве лажам и прогонувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
А бе ајде младино, уште ве лажат комунистите?
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
– „Вистина, татко, и вие браќа селани, им рекол Силјан, ама за приказна е мојава работа што бев дури во долна земја или штркова земја кај што човек досега не пошол и не ќе појде, и да ми верувате оти не е чаре да ве лажам јас, чунки не ќе ви земам нешто да си кладам в ќесе, за да не поверувате за здраво.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Не бре, не ве лажам јас, прво, навистина почувствував наслада кога ми светна дека увцата навикнати на: „Неко вози мотор, неко вози трактор, ја и моја мала мотокултиватор” или „Куче лаје, а ја мислим ти си, отишо си, сарму пробао ниси”, денот ќе го започнат со The Unforgiven и навистина нема никогаш да му го простат ова на шоферот, а богами и на себе си што порано не слегле од тој автобус.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Јас ве лажам. Татко ми никогаш не рекол за вас дека сте „примитивец”. Напротив.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Еве друго што ќе ви кажам: сестра ми Босилка седеше еден ден во двор на ругузина и си шиеше едно ѓерданче и од ругузината му згина.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Вистина, татко, и вие, браќа селани - му рекол Силјан - ем за приказна ет мојава работа, што бев дури во долна земја или штркоа земја, кај што чоек досега не пошол и не ќе појдит, и да ме веруате оти не је чаре да ве лажам јас, чинки не ќе ви земам нешто да си клаам в кесе за да поверуате за здраво.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ги слушате како ве лажат, како ве „фарбаат“ како што се вели, ги слушате, ама не им верувате.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Но ајде да бегам од оваа фрка Полиција можеби мене ќе ме брка Вистина е ова ништо не ве лажам Но само сон е право да ви кажам.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
МАЧОРОТ ТОШО Денес деца да ви кажам нема зошто да ве лажам го видов мачорот Тошо налутено седеше во ќошот.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Зарем не гледате колку им се потечени лицата на оние што на телевизија севезден ве лажат за силата на мечот?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)