ве (зам.) - има (гл.)

Ќе ве имаме засекогаш под нашиве стреи...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ве имам за најблиски Оти сум сам Во самица Пред чиј катанец Свивате колено Со молитви За сродство со изворот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Сакате да видите? Еве, ако можете… Ве има вас. Сѐ пишува тука.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
КУРТА: Ајде признај! КРТОВИЦА: Што да признае? КУРТА: Сѐ!!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Многу ве има, многу ме бидува.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Смешно, ќе ви се насмевнам в лице ако ве има, со презир и похота, со грч во срце што како клопче го собирам, иронично ќе ве исмеам, зошто вие не сте ми поважни од децата мои...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Велат дека како татко ве имале, месје, - преведе. Тоа ги расположи сите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Веднаш да запамети, - рече Чакарвелика, - зошто јас еве сега одам да ве јавам на Бугарите та со добро да ве земат ако ве имаат за земање.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зборуваше: „Добро, ќе ви го дадам она што го сакате, но запомнете, ве има шесторица.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Покажете го вашиот валкан образ и погледнете нѐ право во очи...ако тоа го можете вие со скинати пранги на вашиот потрошен ум, ве има многу...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сите вие дечиња колку што ве имаше во наше маало да се фатевте за раце пак немаше да му ја оградите половината.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сите, наши и други блиски и во овие тешки времиња во усти ве имаат само по добрини...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сум ве имал секогаш за свои.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)