-Сања... -Да не бевте вие, уште одамна ќе се обесев, богами - се вознемири самоубиецот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
(Грета пали цигара) Гледам како оној тип со темни очила внимателно ве гледа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
-Никогаш не сум сретнал толку добро друштво. Како во гроб. Цел живот би ве гледал.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Среќко: Извинете што ви пречам, но најпрвин да ви се претставам, јас сум Среќко, газдата на оваа прекрасна пицерија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Останатите играчи ве гледаат како се појавувате како анимиран карактер.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Свртете ја главата и ќе видите тродимензионален (360 степени) предел во боја.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Немој, мале, срцето да ми го параш. Јас не можа вака да ве гледам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Другата мајка, ако се реши татко ти пак да се ожени, како таа што ве родила нема да може да стане, но може пак да биде многу добра и да ја засакате, зашто ќе ве гледа, ќе ве подига во добри луѓе.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- Знам, сум ве гледал неколкупати заедно со неа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ве гледам цело време, и мене така мојов ме гледаше од првиот ден, и сѐ уште ме гледа така“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А бе, што ве гледам чудни!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Дејди браќа, дејди аџамии, што ве гледам сите будали!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Од подалеку тие поарно ќе ве гледаат.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ќе одев и кај што змиите гризат железо, нема мака за мајка, мачки да ја јадат, нема мака за живот, си мислам, ама пуста јас, вака само ќе ве гледам како ми бегате од раце, сѐ посама ме оставате, си мислам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Што оти му се обраќате, не ве слуша, не ве гледа, повеќе ништо не го интересира на земјата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Ѕид, - ве гледа сожалувачки, како да ти вели, несреќник, каков ѕид, јас сум горе, во небото, меѓу белите, меки облаци, што ме интересира твојот ѕид!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Еден ден татко ми нè собра сите четири деца и нè праша: Деца, дали сакате да ви доведам друга мајка, еве баба ви е стара, не може да ве гледа а вие уште сте мали.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Она е мајка, она сака да ви меси леб, да ве пере, крпе, шо се вели лавот, она сака да ве гледа. Јас колку ти.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Земскиот бог те фрли во арена опкружен со злите кучиња за прести а тој одозгора сеирџиски ве гледа и смртта ваша за него е фетиш
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Ве молам, - ѝ реков на свекрвата, умилкувајќи ѝ се, - доволно долго ве гледам како ме раните во оваа куќа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сите сте добро? Децата? Мажот? Мајка ти? Добро сме. Сите сме добро.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ве гледам, а не знам кои сте. Никого веќе не распознавам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
ОСТОИЌ: Постојано ли ви се причинува дека некој „така” ве гледа?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Јани се поднамести, се навали и рече: - Вие, како сакате, ама јас по војната ќе си седнам на сонце пред селската таверна, ракиче, салатче денес, утре винце и печено пиленце и ќе си гледам од далеку, од далеку ќе гледам на планињето, ќе си спомнувам за ноќите неспани и тогаш ќе дремам, мајчината, ќе дремам сѐ додека не ги оддремам сите непреспиени ноќи..., а кога ќе се разбудам, тогаш ќе ве гледам вас, будалаците, како кршите и делкате камен, како градите куќи или палати и тебе како одиш не по свој ум...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Никој не ве гледа, секој е збудален со напнатоста на својата безлична улога. Во Њујорк нема цајкани - цајканите инаку постојат за да допринесат на урбаниот и модерен изглед на сѐ уште полу-руралните градови (каков што е Париз).
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ве гледаме како работите и сѐ повеќе знаеме дека ќе успее вашето дело.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
— Ами, оти не ве гледам, вели, малку подзапира и наеднаш свртува на друго.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)