ве (зам.) - варди (гл.)

- Ангелско билје да ве варди од сè нешто лошо... и да ви мириса - со трепетна рака ги прекрсти и ги целива. И си заминаа удолу...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Организацијата пак сака друго: Секој наш човек — рисјанин — да постане јатак, секој да постане селцки кумита; дење да ора и копа, ноќе да тргне со тебе да ти помогне во твоата работа ако ти е тешка сам да а свршиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вардете се. Никој нема да ве варди. Ќе биде добро. Белки не сме фрлале камења по господ. (Умира.) (Тишина. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Целиот народ да знае зошчо одите вие по планините и да ве варди. Не се доста само по двајца тројца луѓе од село да имаш јатаци, а другите да спиат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)