вас (зам.) - ве (зам.)

Се оттргнуваше од таа занесеност кога до неа допираа, како далечно шепотење, зборовите на дедо: - И кога дојдов до претсело, враќајќи се од пазар во Костур, каде за секого купив подароци, тогаш истрча тоа пусто куче на Нановци и гав од тука, гав од ваму, јас брани се со стапот, ама тоа а да ме касни, а да се фрли врз мене, пат не дава да поминам и јас, видов не видов, му го фрлив фустанот што го имав купено за Циљка и така си дојдов дома жив и здрав и вас ве најдов уште поздрави...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вас ве знам. Ве гледам секој ден. Исти сте.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
А вас ве вознемирува...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Расцепот меѓу нејзиното „вистинско јас” и нејзиното тело е живописно изразен во следниот извадок: Да ме приклештевте, тоа ќе расипеше сѐ, ќе ме увереше дека вас ве интересира единствено моето анимално тело и дека воопшто не ви е гајле за оној дел од мене што е личност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Не. Вас ве знам. Мислам дека тоа име ме има потсетено токму на вас, но да ме убиете сега не можам да се сетам“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но јас ве видов, велам, и вас ве видов во огледалото...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вас ве чека долг пат, рече, а голо здравје е готова болест.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЉУБА: Всушност, вас ве чекавме денеска, на чај.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Само, чајов е готов, а вас ве чека пат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гладни сме сите... Вас ве чекаме.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ЈАКОВ: Не знаев дека и вас ве контролираат. НОВЕ: Уха.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЈАКОВ: И вас ве контролираат?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Свесен сум дека вас ве глода и друга мака: вие не знаете што точно сака вашето срце.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Земјата мила, мајчица родна колку е сочна, мека, грабнете плугој, орачи мои, сеидба вас ве чека!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Земјата мила, мајчица наша колку е сочна, мека, брзајте в ниви, орачи мои, сеидба вас ве чека!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Јас пак Митеран не го знам, ама вас ве знам. Ај на здравје.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Што сакате прво да видите? Станот или куќата? Одговорете! Вас ве прашувам!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И вас ве прашуваме. Каде ви се козите? – Вие сега полесно може да дознаете! – извика мајка ми. – Не грижете се, сѐ ќе дознаеме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Сè е така како што си беше“, рече баба Мирјана, „си соти така, вас ве очекува...“ и ги прегрна снаата Злата и внуката Мими.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И вас ве открив, пријатели мои, крај ова Езеро. Си ги поврзавме судбините.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога се вратив утрото на нашиот брег по таа кобна ноќ, а вас ве оставив на брегот на новата земја, ја сретнав твојата Мајка крај Езерото со побелена коса.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Вас ве побарав зашто слушнав дека сте биле добар работник“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Се надевам дека не станува збор за нешто нечесно“, се осмелив да речам, наведен на таква мисла поради таинствената атмосфера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)