вас (зам.) - нема (гл.)

Та од вас немаме, еј!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа пејте само, звона на небо ќе звонат, пејте и кога глас во Вас нема, оваа прекрасна мисла, нека ве следи верно,за Ангелот кој со глас среќа создаваше, чувајте го во Вас, макар во Сонот. (на Тоше)
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Тоа е така, помислуваше, зашто без вас почеток нема но без вас нема ни - крај...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше, ги средуваше и со голем страв ги допираше оние меѓу нив низ кои се насетуваше беспризорно мрачната боја на крајот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ако добро научите да работите со пушката, со автоматот, со митралезот, за што ќе учиме во наредните неколку дена, тогаш така вас нема да ве носат, туку тие ќе бидат носени во кои ќе пукате.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас сум во години но меѓу мене и вас нема разлика. Вие тоа сега не можете да го разберете.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Заборавете го своето вчера, за вас нема утре. Нема!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нема друг свет освен оној на кој му припаѓате до вечноста, сакал да им викне на мртвите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откоа го ислуша воло овчаро, се позамисли малце и му рече: - Доколку што ми ваќа умо мој, овчарко, ќе ве пресудам, ама ат'р да не ти остани: вие луѓето ич чоештина немате, у вас милос нема, ни на ѕвероите, ни на гадоите; исав у вас нема.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А Зоки намуртено додава: - И за вас нема! Колачињата веќе ги изедовме!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мајка ми се заштитува како од орли и вика: за вас нема, нема за вас, зашто сте здрави.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но, таа бездруго Вас нема да Ве интересира.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Како ќе ве излажеш кога ете, од јануари никаква уплата од вас немаше.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Си заштедил, луѓето си ги лажел?“, продолжи женскиот глас.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)