џурка (гл.) - млеко (имн.)

И си седи така Севда под дивјачката, со нозете спружени право пред неа, исправена во половината и си ја чешла косата за да ја преплети, а од онаму, преку, го слуша ѕвончето на Белка и по ѕвонењето препознава дека говедата се запасени, скротнати и само рупкаат, рупкаат трева со забите, убаво се најадуваат, така што Севда веќе слуша како млекото во котлето под Белка вечер ќе џурка, џурка млеко, ќе го полни и тоа ѝ прави задоволство.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)