Како да прелетав низ неколкуте бели мермерни скали кои водеа до дворот на амбасадата каде што беше паркиран мерцедесот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Повторно јуревме со Бешир, овојпат по спротивен правец, кон Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога ги слече и панталоните и здолништето од на себе, коњот го почувствува нејзиното голо тело на себе, ги почувствува нејзините голи и врели ципи стегнати на неговиот мев и се возбуди така силно што зафати да јури со сета сила и да 'ржи со крената глава.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Јурејќи со коњот, Илко падна, удри со главата в земја и се разбуди. Виде дека тоа било сон.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И еве сега, без карти, застојани до отворениот прозорец, јурат со железницата низ темната ноќ, а прохладниот ветер си игра со нивните немирни коси.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)