јури (гл.) - низ (предл.)

Во секој странски или домашен филм може да се види, помалку-повеќе, некоја позната или “од-сега-ќе- биде-позната” марка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Последен пример на оцрнување што јас сум го видел е во филмот Врана (првиот гранџ филм, ми се чини).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден од лошите типови, во потера по главниот јунак, граба едно Југо (!) на улица и со еден заглушувачки звук јури низ улиците.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
ЕКСПРЕСОТ лудо јури низ Германија, и патот од Минхен до Келн, долг близу 700 км., го минуваа за помалку од седум часа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Хм, си велам, Достоевски е Достоевски иако една група мажи и жени, едни никакви луѓе, со даириња, со тапани, со бовчи, парталави, грди, кои очигледно лажат, крадат и убиваат без око да им трепне, јурат низ неговата куќа и ограбуваат сѐ што ќе стасаат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Потоа ги врза со уздите еден за друг, му се качи на средниот и ги спотера сите три по патот низ селото; коњите испијанети и потсилени од камшикот што им плускаше крај ушите, јуреа низ селото како бесни, креваа прав зад себе, газеа кокошки, патки, мачиња, кучиња и секаква живинка што ќе им се испречеше на патот и опкршуваа со сета сила по сокаците; прислужникот Геро потскокнуваше на средниот коњ, ги стегаше цврсто в рака сите три узди, плускаше со камшикот и викаше силно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А железницата јуреше низ темнината со најголема брзина; за скок не можеше ни да се помисли – при таква брзина бездруго би се разбиле на камењата крај пругата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сака да ја завлече главата во чевелот на Зоки и така како збудален да јури низ станот. И уште што не!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зашто тука на површината од брегот имаше слики со хеленски лавови и медитерански јарци, девојки со месо од песок како зрнесто злато и сатири што свират на изрезбарените рогови, разиграни деца, расфрлано цвеќе долж плажата и јагниња што потскокнуваат по него, музичари што пребираат по нивните харфи и лири и еднорози што јурат низ далечните ледини и кории, разорени храмови и вулкани. 82
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)