Посебно затврднато беше верувањето дека мртвите доаѓаат да пијат вода од Виданови Извори во првите шест недели по умирањето, посебно ако домаќинството не стигнеше, во тие шест недели, секое утро рано-рано да однесе на гробот на умрениот бардаче пресно налеана вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потоа ми текна колку пати од една огромна кофа што ми ја купи татко ми сме јаделе еурокрем со Мони и си реков дека можеби и не е срамота тоа што ми се јаде додека ја гледам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мони ме погледна пред да ги зарие забите во растопениот еурокрем размачкан врз лебот и како и секогаш, ми рече: - Сакаш? Нејќеш, - и почна мирно да си јаде.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Знам, нема да јаде додека не ја задоволи својата љубопитност.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Но можеш многу да пиеш ако јадеш додека пиеш. Храната го впива алкохолот и така не удира во главата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Весна чека. Знам, нема да јаде додека не ја задоволи својата љубопитност.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Некои, позанесените, одеа дури и дотаму што покрај изворите оставаа храна за своите умрени, она што најмногу сакале да јадат додека биле живи, а мајките на младите умрени девојки, покрај храната оставаа и везило и белило и црвило.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)