јаде (гл.) - жив (прид.)

Падот во адот нѐ стори инвалиди со душите пелин, заробени темни се спремаат ѕверови да нѐ јадат живи а ние гледаме ко сведоци неми
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Оној Чарли Краов. Словен по татко, но не и со негов мајчин јазик, јадеше живо говедско месо со црн пипер.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Офицерите, велат, офицерите ни велеа дека тие јаделе живи луѓе. - Не плашете се, им велам јас, вашите глави се сега посигурни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие ги јадеа живи, ко јаболка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)