Утредента сите тројца ги јавнаа коњите, и бргу бргу отидоа да се лекуваат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Приказната на Вилијам Велман како во почетокот на дваесетите го научил занаетот режирајќи филмови од две ролни - „Сцената покажува правлива улица пред салунот; едно кученце лежи на скалите; херојот излегува, го погалува кучето и се качува на коњот; арамијата излегува, го шутира кученцето и го јавнува коњот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во замокот ги јавнаа коњите и факелите на неколку чекори зад мостот го открија блескањето на оставените, зинати чевли на девојката.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Стивенс и Бонети ги јавнаа коњите молчејќи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога татко му Трајко видел дека го нема дома, го јавнал коњот (според бате Иле, одма му станало јасно куде е Прокопија), па негде на полпат го престигнал. – Што мајку тражиш тамо? – му се развикал (можам да замислам колку страшно од горе, качен на коњот, можеби со нагрнатата гуња и со кубур и долг нож во појас, му изгледал на десетгодишното дете).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И јас си го јавнав коњот и дупките ваму...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Нека го јавне коњот и нека оди по шумарот в село.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Потоа го јавнува коњот и оди до едно мало заливче со карпа што се надвиснува над водата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ние што бевме одовде река, уште некачени на мостот, пропукавме и се собравме ноќеска преполовени и јас го јавнав коњот да сторам абер.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Така је нарачал жене си и после си јавнал коњот, го дупнал и заминал заедно со загарите и соколите (јастребите).
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И ја без него бидееќи, сум без подпор во зло време, као сега шчо не можеф и от твојте соколи да се одбрана!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Тије летнале као молња нагоре, го зеле ф' стреде и ватиле да се борат.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)