Исто така, се предвидува дека невработеното лице кое од АВРМ е упатено кај работодавач заради вработување и не се јави или пак одбие да заснова работен однос на соодветно или погодно вработување, согласно со овој закон или одбие обука, преквалификација или доквалификација заради вработување, се брише од евиденцијата на невработените лица и може повторно да се пријави дури по истекот на една година.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во чл. 53 ст. 4 ал. 8 и ал. 9 се дефинира дека како невработено лице 48 Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Сл. весник на РМ, 11/2012. 49 Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Сл. весник на РМ, 114/2012. 55 нема да се смета лицето кое два пати во текот на две години одбило обука, преквалификација или доквалификација на која ќе го упати АВРМ и кое два пати во текот на две години одбило да се јави или да заснова работен однос кај работодавач кај кого го упатила АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Помеѓу новововедените основи се и следните: а) престанок на работниот однос поради констатирано неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година; б) престанок на работниот однос поради одбивање на работникот да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; в) одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавец; г) одбивање да се јави или д) да заснова работен однос кај работодавец ако е упатен од Заводот за вработување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Повторното пријавување во Агенцијата по бришење од евиденција- та на невработените лица по истекот на една година во 2004 година стана можно и во случаите кога невработеното лице кое остварува право на паричен надоместок и право за здравствена заштита не се пријави во пропишаниот рок во Агенцијата и не докаже дека актив- но бара работа во последниот месец (чл. 7), како и во случаите кога невработеното лице нема да се јави или ќе одбие да заснова работен однос соодветен на неговата стручна подготовка кај работодавец кај кого е упатен од Агенцијата или ако одбие обука, преквалификација или доквалификација заради вработување во рамките на степенот на неговата стручна подготовка (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
7. Невработено лице, во смисла на овој закон, е лице кое: 1) не е вработено; 2) е пријавено во Агенцијата за вработување; 3) е способно и сака да работи; 4) активно барало работа во изминатите 30 работни дена и е на располагање на берзата на трудот да започне со работа во следните 15 дена; 5) не одбило соодветна понуда за вработување и 6) на кое работниот однос не му престанал по негова волја (чл. 53, ЗВОСН) [оваа последна и подвлечена спорна точка, во меѓувреме, е укината од страна на Уставниот суд на РМ со Одлука У.бр. 173/2010-0-1 од 22.VI.2011, благодарение на иниција- тивата од 1.X.2010, поднесена од страна на ДСП „Ленка“ - Скопје и Асоцијацијата „Магна Карта“ - Велес].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како невработено лице не се смета лице: – во работен однос; – корисник на пензија; – врши- тел на занаетчиска, односно професионална дејност; – сопственик или основач на трговско друштво, претпријатие и друго правно 70 лице; – вршител на земјоделска, сточарска или друга дејност; – кое не прифаќа обука, преквалификација или доквалификација на која ќе го упати Агенцијата или одбие да се јави или одбие да заснова работен однос кај работодавецот кај кого го упатила АВРМ; – кое работно е ангажирано или врши дејност, спротивно на закон (чл. 54, ЗВОСН).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)