јави (гл.) - по (предл.)

Само затоа и прифатив, кога ми се јави по телефон, да се видам со него.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Всушност, Марко својата шоферска работа во Канада ја започнал како совозач на Али во истата компанија во која што Марко уште работи па сега, од првиот паркинг, му се јави по телефон.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вчера ѝ јавив по Петрета. Другарите ме определија за овој терен ... Значи, ќе се гледаме почесто. Само, ни збор ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Воспитачот ги запиша нашите имиња и ни рече да се јавиме по неколку дена, кога ќе дојде мајсторот да ни земе мера.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
По два дена, ми се јави по телефон дека е готова, дека ја средила својата соба, куќата, исто така, ќе ги затворела, ми рече, прозорците, вратите, ќе ја ставела на место храната за Гаро и за мачката, а видела дека има зоб за коњот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Неколку пати се сретнаа на главната улица навечер,а еднаш Едо и се јави по телефон од јавна говорница.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)