штити (гл.) - од (предл.)

Во секој случај, пред да ја реши таа дилема, Баге посегна по трненките и тогаш откри дека тие му се достапни само затоа што трновите го штителе од непријателите однадвор а не и од непријателите однатре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Царот Јуан не се ни помрдна. Го гледаше Големиот Ѕид како исчезнува во оддалечените, замаглени ридови; таа величествена змија од камен што се извива долж целата земја, тој моќен ѕид што од дамнешни времиња ги штити од непријателските орди и им го осигурува мирот за неброени години.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
По нецел час јас веќе можев да стојам на нозе; се исправив и видов дека додека јас сум бил во мојата светлина и со неа, Земанек и другарите ме пренесле во самиот археолошки локалитет, под едно импровизирано тремче кое си го направиле археолозите да ги штити од сонцето; ме легнале на едно полско креветче.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога го пресоблекоа Илка, по кожата на телото му забележија истетовирани разни фигури: лав - за да го штити од зло; птица - за да го пази од загубување; змија - за да го брани од болести; четирилисна детелина - за среќа; сонце - за долг живот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тогаш противничкиот лауфер останува на средината на таблата без да биде штитен од својот пешак.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Како прозрачниот оклоп на стаклата да го штитеше од сите тие слабости.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Излезе од тремот, го зеде снопот ’ржаница и одејќи покрај ѕидот од колибата кој го штитеше од грб, го постави снопот исправен во снегот, меѓу плевната и колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)