Мајчина душичка
- упатство за чај –
Се пие вудве или насамо
но не претерано често
се зоврива, по правило покриен
во земјени, бронзени или керамички
садови, дома
во таа топла и задимена чајџилница
на прекипнувањето:
преку, отаде, и пред тоа, и потоа;
потпивнувај, загревај се
додека е жежок
додека си желна
шмркај, шмукај (наши сме)
напари се
задржи го колку што можеш подолго
в уста, шлапкај со јазикот
миризливоста, сладоста
и краснописот на длапката
да ги сети-ш;
дотурај пополека, измешај го со лажичката
желба за чај – жалба за младост
секоја планина – своја падина
потсркнувај
чај – Бах
чај – Жар
чајни печива
мед и путер;
чајот не се пие од-нога
пиј кроце, голтка по голтка
г’тка по г’тка
меѓу редови.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Така шлапкајќи со влечките низ ходникот, првпат го здогледав Дејан како излегува од собата во која го донесоа онесвестен претходната вечер и без да го погледнам убаво, со наведната глава протрчав низ ходникот за да не ме види таква грозна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Потоа ми кажува дека утре ќе му го извадат завојот и ќе си оди од болница.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Децата сега шлапкаат со устите, лижејќи ги бонбончињата.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)