шири (гл.) - аура (имн.)

Му кажуваше за акупунктурата како необјаснет феномен бидејќи се базира врз анатомија што на медицината уште не ѝ е позната, за тоа како некој руски парапсихолог успеал да ја сними аурата на лист од дрво, додека некој човек околу себе шири аура којашто е во повеќе бои, во зависност од карактерот на човекот , му кажа како да направи пирамида од картон и ако во неа стави изабен жилет на вечерта жилетот утредента ќе биде остар како нов и други слични работи со кои репертоарот на авторот беше богат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)